- Група од 25-30 навивачи утринава со автобус од Скопје тргна на долг пат до Данска, со цел да ја бодри македонската ракометна репрезентација на престојното Европското првенство.
- Делува лудо, од Скопје до Хернинг има повеќе од 2.300 километри, но со добро друштво, песни, забава, ќе се издржи.
- Попатна станица ќе им биде Прага, каде што групата ќе преспие, а потоа со нови сили се оди кон Данска, каде што предвидено е да пристигнат на 16 јануари, на денот на првиот меч против Данска.
Кршеа и лепче со паричка
- „Бојот се бие во срцето на јунакот“, е дело посветено на животот на македонскиот фудбалер, Андреј Лазаров кој почина во големиот пожар во дискотеката Пулс во Кочани.
- „Некаде помеѓу небото, Оризари, Кочани, Скопје, Кавадарци, Загреб и Нова Горица живее духот на Андреј Лазаров, момчето кое се всели во срцата на многумина“, беа зборовите кои одекнаа во тишината посветена на фудбалерот со големо срце, кое не успеа да се избори во најважната битка по големата трагедија.
- Во рамки на промоцијата одржана во Кочани, беа изложени и лични предмети на Андреј, неговите фудбалски дресови, копачки, топка и фотографии, кои на присутните им овозможија уште еднаш да се потсетат на неговиот живот и љубовта кон фудбалот.
- Македонската фудбалска репрезентација во петок ја очекува нов тежок предизвик во Лигата на нациите. Избраниците на Гоце Седлоски гостуваат кај Шкотска на „Хемпден парк“ во Глазгов, во натпревар од петтото коло во групата Б1, кој започнува во 20:45 часот.
- За Македонија ова е нова шанса да ја прекине црната серија во ова издание на Лигата на нациите. Нашата селекција по четири одиграни натпревари е без бодови, со четири порази и гол-разлика 0-10, а дополнителен „проблем“ за Седлоски ќе биде отсуството на Бојан Миовски. Напаѓачот на Глазгов Ренџерс не доби повик за овој репрезентативен прозорец поради малата минутажа во својот клуб.
- Македонија 12 натпревари по ред нема победа, а 8 средби по ред нема постигнато гол.