Кошарка

Ја видовте ли асистенцијата на Теодосиќ?

Виртус Болоња стигна во финалето на италијанскиот кошаркарски Суперкуп и таму изгуби од фаворитот Милано со 75:68. Милош Теодосиќ, лидерот на Болоњезите, од почетокот на турнирот играше одлично а луд момент имаше во полуфиналето против Динамо Сасари. Баш луд другари.

Ентони Дејвис во последна секунда му донесе победа на Лејкерс

Фаворитот за титулата во НБА, ЛА Лејкерс поведе со 2:0 во финалето на Западот против Денвер откако славеше синоќа со 105-103. Нагетси неколку пати се враќаа, на три минути пред крајот надоместија -8 поени и поведоа со 12 поени по ред на Јокиќ, но последниот напад го имаа Лејкерс.

Тони Кукоч слави 52 роденден

Трикратен шампион во НБА, еден од најдобрите шести играчи на сите времиња, петркатен освојувач на Еуроскар наградата за најдобар играч на годината во Европа, трократен европски првак со Југопластика, три пати МВП на финалето на Евролига, три медали со репрезентација.

Јокиќ е маестрален и за додавања

Никола стана прв играч во историјата на НБА плејоф мечевите со трил дабл учинок, остварен со минумум 20 скока. Ама па и за асистенции е цар, а ги имаше 13 на мајсторката. Погледне како тоа го прави умно и лесно.

Банана број 1 на сезоната во НБА

Со победа од 117:114 Мајами ја отвори финалната серија во Источната конференција против Бостон, а потегот за кој сите зборуваат е оваа лудачка блокада на Адебајо, кој го залепи Тејтум.

Денвер е во финале, Мареј и Никола Јокиќ го срушија ЛА Клиперс

Со нова луда партија на Џамал Марај и со трипл-дабл учинок на српскиот репрезентативец, Нагетси одново издоминираа против ЛА Клиперс и тоа во решавачката мајсторка. Сега ги чекаат Леброн и Ентони Дејвис.

Дебелкото со кој никој не сакал да игра баскет, стана главна ѕвезда во НБА

Ден-денес се прераскажува анегдотата за тоа како најпознатиот кошаркарски менаџер во Европа, Мишко Ражнатовиќ го пронашол Никола Јокиќ.

Еден е Никола Јокиќ - мајсторот го носи Денвер во мајсторка

Неверојатно, но вистинито е дека Денвер Нагетс досега веќе 5 пати можеа да испаднат но се покажаа како тврд орев во плејофот и сега во мајсторка ќе се борат за финале на Западот.

Без старца нема ударца - Раџон Рондо стварно е плејоф играч

Во трите победи од серијата против Хјустон (3-1) Лејкерс доби силен ветер во грб од повратникот од повреда Раџон Рондо кој со месеци баскет не пипнал.

Куче на новинарка го прекина пресот на Лејкерс, Ентони Дејвис збунет

ЛАЛ со 110-100 го победи Хјустон и поведе со убедливи 3-1 во полуфиналната серија на Западот. Ентони Дејвис одново играч на мечот со 29 поени (10/18 од игра, 9/9 од линијата за слободни) и 5 асистенции. После мечот видно расположен за муабет, ама една новинарка дошла со домашниот миленик на сред прес па песот лаеше.

Леброн делеше банани како на баскет во маало

Лејкерс го доби Хјустон со 112-102 и поведе со 2-1 во исклучително тесно конференциско полуфинале против Рокитс. Брон со 36 поени, 7 скока и 5 асистенции беше играч на мечот а ќе се памти и што удри дури 4 блокади во една четвртина. Особено јака беше онаа над Остин Риверс.

Банана на сезоната во НБА - Кавај со среден прст

Ѕвездата на ЛА Клиперс, двократен шампион во НБА со Сан Антонио Спарс и Торонто, Кавај Ленард важи за еден од најдобрите дефанзивци во лигата. Синоќа на третиот меч од плејофот меѓу Клиперс и Денвер Нагетс, на две минути до крајот го изблокира Џамал Мареј со среден прст.

Додавање на Јокиќ побрзо од камерите

Хајлајт на вечерта синоќа во НБА беше тројката на Ануноби во последна секунда со која шампионот Торонто намали 2-1 против Бостон во серијата. А на Твитер се ширеше и видеото од пасот на Јокиќ на мечот ЛА Клиперс - Денвер.

Луда тројка со звукот на сирената, Торонто се извлече во последна секунда

НБА плејофот од ноќ во ноќ станува сè појак. Синоќа кошаркарите на актуелниот шампион Торонто со кошот на О-Џи Ануноби буквално во последна секунда го совладаа Бостон и намалија на 2-1 во полуфиналето на Истокот.

Се сеќавате ли на рекламата со Грент Хил за Спрајт?

Муабетите за Грент Хил во Кочани Деликатес предизвикаа многу реакции меѓу фанатиците кои носталгичат по убавата кошаркарка од 90-те. Еден се сети на една култна реклама од тоа време, која 100% ја знаете ако сте гледале тогаш НБА. Ех времиња...

Последните 17 секунди од мајсторката меѓу Јута и Денвер

Да водиш 3:1 во плејоф и потоа да те елиминираат е реткост во НБА лигата. Синоќа се случи по само 12-ти пат во историјата, а херој беше Јокиќ кој ги постигна последните поени за победа.

Антиќ знаеше како да му се постави на Дончиќ

17 години и 10 см разлика не се малце, ај ти. Мирно и искусно одиграно во одбрана, ко Владе Дивац.

НБА плејофот се разгорува

Оклахома Сити Тандер успеа да се избори за мајсторка против Хјустон во серијата која во моментов е 3-3. Мајами го изненади големиот фаворит Милвоки Бакс.

Кочани Деликатес да ти преговарал за Грент Хил

Не му се оствари желбата да освои шампионска титула во кариерата, ама тоа е затоа што не ја погоди средината. Да попуштел малку во барањата, Кочани до ден денес ќе се гордееше дека во 90-те успеал да донесе НБА ѕвезда. Ова е жива вистина.

Највисокиот играч во НБА учеше да плива

Со 226 сантиметар, Тако Фол е највисокиот кошаркар во НБА. Ама колку што е добар под обрачите, толку не знаел да плива. Вакво нешто не се гледа секој ден - Енес Кантер и Џајлен Браун го учат Тако Фол да плива.

Никако не можеа да го сопрат Дончиќ, па намерно го удираа

Кошаркарите на ЛА Клиперс го елиминираа Далас Маверикс со 4-2 во првата рунда од НБА плејофот. Лука Дончиќ и на шестиот меч по ред беше фантастичен, со неверојатни 38 поени, 9 скока и 9 асистенции. Во целата серија Дончиќ беше грубо физички удиран од противничките кошаркари, а најбезобразен беше Маркус Морис.

Американецот со големо срце што едвај чека да заигра во убавата Македонија

Тодрик Гочер има 27 години, роден е во Лабак, град во сојузната држава Тексас каде деновиве често се пишувало за него, од многу интересна причина.

Тренерот на ЛА Клиперс емотивно зборуваше за црнците во Америка

По последните настани во Кеноша каде полицијата уби неколку лица во масовните протести кои почнаа по убиството на Џејкоб Блејк, многу НБА кошаркари и тренери решија дека е време да кренат рачна додека не се смират страстите. „Зошто и натаму ја сакаме оваа земја кога она не нè сака нас“, прашува Док Риверс.

НБА лигата суспендирана поради убиствата во Висконсин

Кошаркарите на Милвоки Бакс синоќа одбија да излезат на паркетот пред стартот на петтиот меч од првата рунда во плејофот на Истокот против Орландо.