Кошарка

Животниот пат на Стојаковиќ кој од камп за бегалци стана НБА легенда

Роден е во малото хрватско градче Пожега, но се претставува како Србин, бидејќи потекнува од српско семејство. Има жена и пасош од Грција, а најмногу се прослави во Сакраменто каде доби ангажман пред пет години. Почна од гарсоњера, но го стигна врвот.

Снуп Дог со рецитација за Коби

За време на ESPY Award на која се доделуваат признанија за индивидуални и тимски достигнувања во спортот, а која од познати причини овојпат одеше преку видео-конференција, Снуп Дог ја презентираше песната што со Вили Нелсон ја снимиле во чест на Коби Брајант.

Една од најјаките асистенции во НБА е дело на Пеѓа Стојаковиќ

Уф какви НБА времиња беа ова кога не спиеме за блескавите момци на Сакраменто во 2002-ра. Имаа страшен тим составен од Владе Дивац, Пеџа Стојаковиќ, Крис Вебер, Мајк Биби, Хидо Туркоглу, Боби Џексон, Даг Кристи, Скот Полард...Кингси очекувано ја повлегоа 16-та на легендарниот Пеџа.

Кога зад грб ќе те нападне ураганот Џејмс

Пред четири години Кливленд во НБА финалето го совлада Голден Стејт со 4:3, а токму на денешен ден се одигра седмиот решавачки натпревар. Да, тоа изгледаше на сигурна контра два на еден, ама со Леброн никогаш не си на сигурно.

Импресии на американски кошаркари за салата Градски парк

Работнички во ноември 2018-та одигра пријателски натпревар со колеџ екипа од јуниорската Џеј-Би-Еј лига на кој победија со 127:122. Година и пол подоцна гостите раскажуваат за искуството во соблекувалната во која им мирисало на леш, влага и пајаци.

Како тоа 101 тројка од 103 обиди?

Кошаркарската пауза по сè изгледа најмногу му го изоштри шутот на членот на Олимпија Милано, Амедео Дела Вале. 65 комада по ред даде од линијата за 3 поени и утна само два пати од 103 обиди. Неверојатно луда рака.

Како одигра Џордан со стомачен вирус против Јута во финале

И болен ја сомеле со 38 поени, 7 скока и 5 асистенции, а Булси поведоа 3:2 во петтиот натпревар од финалната серија во 1997-ма. Ете тоа беше Ем Џеј.

Газдата на ПАО тотално полуде

Димитрис Јанакополуос, најтрофејниот претседател на кошаркарскиот клуб Панатинаикос во последно време е скроз тенок со живците. Години наназад тој има отворени испади, контроверзи и скандали а сега последно откако ја нападна Евролига за прерано завршената сезона во која многу клубови изгубиле многу пари, тој се судри и со навивачите.

Колку банани лепеше Мутомбо за 10 секунди?

Сите го знаеме како Дикембе Мутомбо, а Љубомир Николовски во еден пренос го кажа цело него име кое гласи вака: Дикембе Мутомбо Мполондо Мукамба Жан-Жак Вамутомбо. 218 см високиот легендаре центар од Конго е еден од најдобрите блокери и дефанзивни играчи на сите времиња.

Приказна за кошаркарскиот пат на Џорџ Флојд - човекот во чие име протестира цел свет

Името кое најчесто се споменува во светските медиуми овие неколку недели е Џорџ Флојд, Афро-американецот кој беше брутално убиен од полицаец-садист кој со колено го гушеше неколку минути.

Играш игрица и ти се јавува Леброн во живо да муабетите

Стримерот Ејдин Рос играл НБА 2К20 со Брони Џејмс, синот на најдобриот кошаркар на светот Леброн Џејмс. Леброн во еден момент седнува пред компјутерот на син му за да поразговара со Ејдин.

Нема нам више Дражена

Со овие зборови Славко Цвитковиќ ја објави најтажната вест во својата новинарска и водителска кариера. Најтажна вест досега емитувана во хрватскиот етер, а поминаа 27 години. Прерана смрт на кошаркарскиот Моцарт, гениј и идол поради кои многумина играа со портокалова топка на својот маалски кош.

Полициска бруталност на уличен баскет

Фер е да признаеш дека не си џандар и дека си дел од Глобтротерс. Така е или не е така?

На денешен ден Дражен Петровиќ го одигра последниот меч во животот

Шестиот ден од јуни во 1993-та година, пред 27 години, ќе се памети по тоа што на тој ден во полскиот град Вроцлав, последен пат баскетот го тапкаше еден од најголемите европски кошаркари на сите времиња.

Оди види дали сум таму

И таму ли сум? Праша Рондо од Бостон во источното конференциско финале против Мајами пред 8 години.

Тони Кукоч освои практично сè во Европа и НБА, но не го ценат доволно

Детето од сплитската рива морал да помине мошне трнлив пат и да ги придобие симпатиите на Мајкл Џордан и Скоти Пипен, кои неправедно биле груби кон него дури и тогаш кога не го познавале.

Кога Дражен Далипагиќ го победил Џордан

Малку е познат натпреварот меѓу најдобрите колеџ кошаркари од САД против најдоврите играчи од Европа, дуел на кој Далипагиќ го издоминирал младиот Мајкл.

Рик Бери - шампионот со најсмешни и најпрецизни слободни фрлања во НБА

Во 1975-та ги води Вориорс до прва историска титула во НБА и го бираат за МВП на финалната серија. Се памети по уникатниот стил на изведување слободни фрлања.

НБА продолжува во јули и веројатно би се играла само во Волт Дизни Ворлд

Предлогот на комесарот на НБА Адам Силвер сите преостанати натпревари сезонава да се доиграат на Флорида, поточно во комплексот Волт Дизни Ворлд е сè поблизу до реализација.

Соиграч на Џордан од шампионскиот Чикаго: „Документарецот е лага до лага“

„Последниот танц“, кој стана најгледан документарен филм во историјата на каналот ЕСПН со просечна гледаност на епизода од 5,6 милиони гледачи, сега доби студен туш од еден долгогодишен соиграч на Џордан.

Продадени најскапите патики на светот - првите Џорданки

Документарниот филм „Последниот танц“ кој во неколку дела раскажува за легендарниот Мајкл Џордан и амбиентот околу шампионскиот Чикаго Булс, покрена права Џорданоманија.

Кога Македонија играше полуфинале против Шпанија на Гасол и Наваро

И скоро цели 9 години подоцна уште звучи надреално. Македонската кошаркарска репрезентација ги мелеше сите ривали на Европско првенство 2011 во Литванија и стигна до полуфиналето каде се судри со идниот европски првак Шпанија.

Кога Македонија ја газеше Грција на Европското во кошарка

Голема затоа што беше на Европско, неочекувана затоа што нив ги сметаа за фаворити, важна затоа што ни ги отвори вратите кон втора рунда и најслатка затоа што беше против Грција. Борче Мекејлеб ги потепа.