Газдата на ПАО тотално полуде

Димитрис Јанакополуос, најтрофејниот претседател на кошаркарскиот клуб Панатинаикос во последно време е скроз тенок со живците. Години наназад тој има отворени испади, контроверзи и скандали а сега последно откако ја нападна Евролига за прерано завршената сезона во која многу клубови изгубиле многу пари, тој се судри и со навивачите.

Од сè уште неразјаснети причини, сопственикот на најтрофејниот грчки кошаркарски колектив прво отишол во барот чиј газда е еден од водачите на Гејт13 и таму следен од своето обезбедување направил 'ршум. Но во еден момент луѓето од локалот физички го напаѓаат Јанакопулос пред барот:

Како одговор на неговиот упад, навивачите на Панатинаикос, околу 50-ина со мотори дошле пред неговиот дом во Атина и сакале да се пресметаат со Јанакополуос кој хистерично вика и ги снима додека фрлаат бакљи и петарди.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by dimitris giannakopoulos (@dpg7000) on

Димитриос Јанакопулос го води атинскиот гигант повеќе од две децении и во неговата ера ПАО освои рекорден број на европски титули (6) и трофеи во грчкото првенство (18) и Куп (15). Неговиот татко Павлос го водел клубот до 1987-ма година.  

Пред неколку дена Јанакопулос најави дека ќе го продаде клубот за 25 милиони евра и изнесе еден куп навреди на сметка на Евролигата, особено на првиот човек на ова елитно друштво, Жорди Бартомеу, а на 10 јуни на својот Инстаграм објави дека го напушта Панатинаикос по долги години и многу успеси и радости.

Во меѓувреме Панатинаикос ги продолжува подготовките за новата сезона во Евролига и во грчкото првенство.

Нови засилувања на тимот се Џордан Морган, крилен центар кој дојде од Пинар Каршијака кој има словенечки пасош и нема да се води како странец при регистрација на играчи за еврокуповите.

11 јуни 2020 - 09:59