Кошарка

Емотивен меч за Украинците во Шпанија во групата со Македонија

Македонската кошаркарска репрезентација, помалку и очекувано, поради ослабениот состав и многу младинци во екипата, изгуби со 21 поен разлика од Грузија (91:70) и го претрпе и третиот пораз во групата во која Шпанија славеше 88-74 против Украинците кои пред мечот емотивно ја испееаа државната химна.

Одложен меч од групата на Украина и Македонија

Во квалификациската група Г за пласман на Светско првенство 2023 во кошарка, неделава треба да се одиграат две кола, едно вечерва кога Македонија ѝ гостува на Грузија, а друго за внедела кога Шпанија требаше да оди во Украина но од безбедносни причини овој натпревар е одложен.

Како Јокиќ и Дончиќ го зафркаваа Дрејмонд за патиките

Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс, Драјмонд Грин поради повреда не играше на овогодинешниот Ол-Стар во Кливленд. Тој има милионски договор со ТНТ каде повремено работи и како стручен аналитичар. Ол-Старот го следеше покрај аут линијата од каде постојано известуваше до гледачите. Ама Дончиќ го фатил за патиките, му биле ко за на планина.

И на -15 е дозволено да се игра баскет, или не?

Малиот е секако јунак, а надвор ќе да е и јаче од -15. Прав другар е оној кој ќе му дојде со скала или ќе пријави за индијанска.

Приказната за клубот од скопската населба Тафталиџе кој направи сензација во Купот на Македонија

Имаат најмал буџет, газдата живеел во Белград и го сакал Парни Ваљак, а роден е на ист ден со Жељко Обрадовиќ. Инспирација му бил Партизан. 

Судија со микрофон го судеше големото дерби Реал - Барселона во финале

Во неделата вечер во Гранада, Барса славеше во големото финале на шпанскиот кошаркарски куп. Во Ел Класико против Реал, Каталонците победија 64-59. Ги водеше МВП-то Никола Миротиќ со 19 поени и 5 скока. Главниот судија на мечот Емилио Перез Пизаро од федерацијата добил микрофон за да се проба ваквиот начин на оценување на односот судија-тренер-играчи. Затоа видовме и што урла тренерот на Барселона Шарас Јасикевичиус кој е познат по викотници крај паркетот.

Работнички - МЗТ: Деца играат, родители ќе се тепаат

Апсурдни сцени ни доаѓаат од младинската кошарка во Македонија, каде на градското дерби за малку ќе се пресметаа татковците на играчите. Оди измери им го паметот.

75 години НБА со најдобрите 75 во историјата

Спектакуларниот Ол Стар во Кливленд на кој царуваше Стеф Кари со 16 тројки и вкупно 50 поени, беше зачинет на полувреме со голема јубилејна претстава со најголемите. На една бина се појавија од 27 годишниот Јанис Антетокумбо, па се до 89 годишниот Боб Петит, прв во историјата со 20.000 поени.

Убави средби на Џордан со Дончиќ и Леброн

Најголемиот на сите времиња е голем и натаму, а тоа го покажува со респектот кон помладите. Каква чест за Лука, инаку 37 години помал од Ем Џеј. Му влета изненадувачки и се сецна и обезбедувањето.

Кралот Џејмс го реши Ол Стар мечот со кош во последните секунди, Кари одлепи со 16 тројки

Кливленд уживаше во шоу изразено со резултат 163:160 за тимот на Леброн Џејмс кој во неизвесен натпревар до финишот, го совлада тимот на Кевин Дурент. МВП на Ол Стар мечот е Стефон Кари кој блесна со 50 поени.

Најнапнатиот кошаркарски тренер со кој не може ни Жељко

Необична и насилна случка ни доаѓа од универзитетската кошарка во Русија, каде пази богати, помошник тренерот Олег Тен, му влегува или се обидува да му влезе со бокс на главниот тренер Артем Олхов. Потенцијалната тепачка меѓу луѓето кои се од иста во Универзитет Југра, се случува на 38 секунди до крај по една нивна расправија.

Американец од Тафталиџе со еден потег ја крена цела сала на нозе

Автентичниот маалски клуб ТФТ од Тафталиџе кој само втора сезона е дел од прва лига, направи сензација откако успеа да го освои Купот на Македонија. Падна бранителот на трофејот МЗТ Скопје и тоа со пораз од 80:66, а играч на мечот беше Ландриус Хортон кој постигна 23 поени од кои едно маестрално забивање.

Јокиќ поигра мајтап со другар му Дончиќ пред Ол-Старот

Минатогодишниот МВП, признание кое го доби за најдобар играч во регуларниот дел на НБА, ужива во престојот во Кливленд каде го чека Ол Стар натпреварот. Јокиќ случајно налета на прес-конференција на Лука Дончиќ и го гаѓаше со топче.

Лука шоу - 49

Во триумфот на Далас над Њу Орлеанс Пеликанс 125:118, словенечкиот репрезентативец одигра уште една невозможна партија и постигна страшни 49 поени, со 15 скока и осум асистенции. Лука Дончиќ стана само четврт играч во историјата на НБА кој на 10 меча постигнал 350 поени, 100 скока и 75 асистенции. Пред него тоа им пошло од рака на Оскар Робертсон, Мајкл Џордан и Расел Вестбрук.

Комбинацијата Јокиќ - Морис за победа на Денвер со звукот на сирената

Денвер Нагетс го доби дербито на вечерта против Голден Стејт со 117:116, а број 1 на паркетот веќе по кој знае кој пат беше актуелниот МВП во НБА лигата.

Банана на вечерта во НБА

Бруклин Нетс без Харден кого го трампаа во Филаделфија за првата ѕвезда Бен Симонс, синоќа го совладаа Сакраменто Кингс 109:85 и некако го држат осмото место на табела пред плејофот. Андре Драмонд кој дојде пред неколку дена во Бруклин имаше одлично деби. Постигна 16 поени, имаше 23 скока, 5 асистенции и залепи три банани од кои едната беше како шамар по баскетот.

Ново шоу на Лука Дончиќ - броеше до 45

Словенечкиот репрезентативец и европски шампион, одново имаше луда партија откако постигна скоро половина од поените на неговиот Далас во поразот од ЛА Клиперс на домашен терен 99:97. Лука немаше сили на 0,6 секунди пед крајот кога промаши шут за победа. Постигна 45 поени со 15 скока и 8 асистенции.

Ѕверска банана на Јокиќ во последна секунда за победа на Денвер

Никола Јокиќ по којзнае кој пат сезонава му донесе победа на својот Денвер. Овојпат против Торонто Репторс. Нагетси славеа 110:109 во меч кој имаше многу неизвесна завршница. Јокиќ даде 28 поени со 15 скока и 6 асистенции. Во последна секунда имаше снажна блокада за триумф на Денвер кој сега има учинок 31-25.

Снимка од Дончиќ како дроби на 14 години

Лесни влезови под кош, тројки, асистенции, цепелини и на крај признание МВП. Ете тоа бил Лука, тогаш голем талент во најава, а денес рекордер со 51 поен во конкуренција на сите играчи од југословенските простори кои заиграа во НБА. Не се раѓа секој ден вакво дете.

Леброн и Дурент го исмеваа Харден и до крај го избегнуваа за Ол-Стар

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Џејмс Харден буквално во последните моменти од рокот кој овозможува трампа на играчи во НБА тимови, замина за Филаделфија во голема размена од неколку играчи со Нетс. Подоцна вечерта Леброн и Дурент го исмеваа Харден.

Историска ноќ за Дончиќ кој постигна рекордни 51 поен во кариерата

Горан Драгиќ (40), Никола Вучевиќ (41), Предраг Стојаковиќ (42), Дражан Петровиќ (44), Бојан Богдановиќ (44), Никола Јокиќ (50), Лука Дончиќ 51 поен. Тоа е тоа.

Леброн си седна меѓу публиката на сред меч

Кошаркарите на ЛА Лејкерс продолжија со бледите партии, па синоќа изгубија 107:105 и од ослабениот Портланд кој играше без неколку играчи меѓу кои и Лилард. Леброн Џејмс единствена светла точка кај езерџиите со 30 поени. Во еден момент незгодно го поткачија во еден дуел, па искористи да седне меѓу навивачите во први редови.

Кош и автокош во Еврокуп во рок од 20 секунди

Никос Рокавопулус ти е one man show во кошарката. Царот прво даде кош за својот тим Промитеас, а потоа и за Бурсаспор и тоа уште во следниот напад.

Јокиќ и на газот има очи

Денвер го доби дуелот против Њујорк со 132:115. Србинот повторно доминираше со 21 поен, 11 скока и 7 асистенции. Не е жив ако не направи некоја мајсторија во свој стил. Од нигде никаде ги вади додавањава.