Судија со микрофон го судеше големото дерби Реал - Барселона во финале

Во неделата вечер во Гранада, Барса славеше во големото финале на шпанскиот кошаркарски куп. Во Ел Класико против Реал, Каталонците победија 64-59. Ги водеше МВП-то Никола Миротиќ со 19 поени и 5 скока. Главниот судија на мечот Емилио Перез Пизаро од федерацијата добил микрофон за да се проба ваквиот начин на оценување на односот судија-тренер-играчи. Затоа видовме и што урла тренерот на Барселона Шарас Јасикевичиус кој е познат по викотници крај паркетот.

„Не ми се дери, Шарас! Зборувај потивко, не се дери!“

Ова беше 27. титула за Барселона во шпанскиот Куп на Кралот. Реал Мадрид има една повеќе, а овие два ривали најверојатно ќе се судрат и во завршницата на Евролигата и во домашната АЦБ лига.

22 февруари 2022 - 15:44