По две одиграни кола во квалификациите за Светско првенство 2023, Македонија има два порази. Во нашата група се уште и лидерот Шпанија со два триуми и Украина и Грузија со по една победа и еден пораз.
Вечерва во Кордоба Шпанците ќе ја пречекаат Украина од 20:45 а Македонија од 16:00 часот ќе игра во Тбилиси во „Сити Арената“ (пренос на Спортклуб и од двата меча).
Веќе во недела на 27 февруари од 20:00 часот Македонија треба да ја пречека Грузија во Скопје, а мечот меѓу Украина и Шпанија од недела е одложен на неопределено време поради безебедносната состојба во Украина.
Нашите репрезентативци со мошне подмладен состав заминаа во Грузија каде ќе се обидат да фатат приклучок за ривалите до крајот од квалификациите.
На нашите кошаркари им остануваат уште мечот вечерва со Грузија, па дома со истиот ривал, па на гости кај Шпанија на 1 јули и во последното коло дома со Украина на 4. јули во Скопје.