Кошаркарите на Далас Маверикс со 111:105 го добија мечот против Детроит Пистонс а нов натпревар за паметење одигра Лука Дончиќ. Словенечкиот ас блескаше и по петти пат во кариерата постигна 50 или над 50 поени.
Тренерот на Цедевита Олимпија Јурица Големац за време на мечот против Будуќност кој црногорскиот тим го доби убедливо 80:58, жестоко му викаше на својот играч Амар Алибеговиќ додека траеше тајм-аут.
Дваесет и седум годишниот репрезентативец на Турција, роден во Охрид веќе неколку сезони е дел од НБА и има важна улога во Кливленд Кавалирс. Осман синоќа одигра неверојатен меч и во триумфот над ЛА Клиперс 122:99 постигнал 29 поени со шут за три седум од седум за 21 минута на паректот. Најдобар негов тројкашки меч откако е во НБА.
Големата НБА ѕвезда Денис Шредер (29) кој игра за Лејкерс и германската репрезентација, после синоќешниот меч кој Лејкерс го доби 113:104 против Сан Антонио, бил застанат од полициски службеници и му биле ставени лисици затоа што мислеле дека неговото возило е украдено.
На дуел од универзитетската лига во САД меѓу Лојола Чикаго и Дјукејн, еден доставувач на храна ладно си помина на сред терен по паркетот додека се играше кошарка.
Супер интересен дуел одиграа синоќа Голден Стејт Вориорс и Мемфис Гризлис. Во еден момент во финишот од мечот судијата го исфрли Стеф Кари од игра поради тоа што во нервоза поради промашен чист кош на неговиот соиграч Џордан Пул силно ја фрли заштитната протеза на паркет. Потоа на 2,6 секунди до крајот при резултат 120:120, Џордан Пул дава кош за победа 122:120 и го зафркава Кари во подтрибинскиот простор.
Лос Анџелес Лејкерс загубија дома во градското дерби од Лос Анџелес Клиперс со 115:133, но никој не зборува за поразот, туку за историските подвизи на неверојатниот Леброн Џејмс кој на 38 години ги поместува границите во НБА.
Нема одбрана што може да го сопре Никола Јокиќ. По два меча пауза се врати на паркетот и му донесе триумф на својот тим со нов трипл дабл кој му стана рутина.
Покрај Бизнис лига во фудбал, во Македонија се игра и Бизнис лига во кошарка. Кулминацијата на нивното спортско дружење се случува на крајот на 2022-ра со Ол стар. Да видиме како им помина натпреварот во забивање со спуштени кошеви. Ако жирито е фер, највисоката оценка треба да му ја даде на играчот со број 42 кој има обид за пируета, од која ќе видите и репетиција.
Црвена Ѕвезда го доби дербито на колото во АБА лигата против Цедевита Олимпија со 100:95, а празникот за очи им го донесе Лука Вилдоза, кој на истекот на првиот дел ја победи сирената и тоа со шут од своја половина.
Откако на 30-ти декември наполни 38 години, Леброн Џејмс како да ја крена формата во уште понагорна линија. Игра неверојатно во вториов дел од сезоната, а доказ за тоа е и синоќешниот триумф на ЛА Лејкерс над Портланд 121:112. Губеа „езерџиите“ дури 25 поени разлика на стартот на третиот период, а на крај победија. Брон уфрли 37 поени со 11 скокови и 4 асистенции.
Студентски Центар од Подгорица го пречекува Партизан во АБА лигата и губи 100:81. Ама во случајов не може да постои поголем лузер од нивниот портпарол. Среќа го фати Душко, овај Жељко расположен.
Ново издание на Шектин а фул во кое Шекил ги одбрал можеби најкомичните моменти досега сезонава. Само тој може да направи ваков микс на циркузи директно од паркетите во НБА лигата.
Во супер дербито на вечерта Бостон Селтикс со 121-118 го совлада Голден Стејт Вориорс. Стеф Кари постигна 29 поени со 7 асистенции и 4 скока, а момент на мечот беше последната секунда од првиот дел кога погоди неверојатен шут од преку пола терен.
Уште не сме го допишале вчерашниот текст за неговиот блескав настап, ете ти нов. Никола Јокиќ граби кон ново трето МВП признание во низа. Не е нормален како игра.
Како што е редот и како што налага традицијата во САД, претседателот на државата го пречека НБА шампионот во Белата куќа. Овојпат таа должност и чест му падна на Џо Бајден кој при набројување на големата шампионска тројка на Голден Стејт Вориорс го заборави името на Клеј Томпсон, повеќекратниот НБА првак па се извади со некој друг муабет.
Кошаркарите на Денвер Нагетс играат феноменална сезона во регуларниот дел. Синоќа ја запишаа и седмата победа по ред пред своите навивачи. Го совладаа Портланд 122:113 а уште една МВП партија пружи неверојатниот Никола Јокиќ.
После шоуто на терен каде го реши Орландо со 17 поени, 14 асистенции и 9 скока, и пред сè со шут за тројка, вредна победа, Никола Јокиќ направи шоу и на пресот и ги насмеа новинарите во врска со забивањето на 218 см високиот Бол Бол.
На дуелот кој Сакраменто Кингс го доби убедливо против Сан Антонио Спарс 132:119, Кевин Хертер во еден момент летна двајца противнички играчи со еден потег. Коментаторот Мајк Џонс од НБС Спортс го прокоментира дриблингот со: „Ги леташе како манекенки од Инстаграм“.
Јак муабет му направи Џабари Смит Џуниор, роден 2003-та на Леброн Џејмс, роден 1984-та, пред стартот на мечот Лос Анџелес Лејкерс - Хјустон Рокетс кој заврши 140:132.
Денвер Нагетс имаше 15 поени предност на крајот од третата четвртина од дуелот со Орландо Меџик, но гостите се вратија и поведоа во последниот период. До крајот се играше кош за кош а на 1,2 секунди пред крајот при резултат 116:116 Никола Јокиќ реши да шутира преку високиот Франц Вагнер. И погоди за делириум во салата и нова победа на Нагетс.
Џа Морант со право важи за најатрактивен кошаркар на денешницата во најдобрата светска лига. Суперѕвездата во триумфот на неговите Гризлис над Индијана Пејсерс 130-112, постигна 23 поени со 10 асистенции, а во третата четвртина изведе таканаречен „томахавк“ забивање за кое многумина коментираат дека е број 1 на сезоната.