Кошаркарите на Партизан и Црвена Звезда низ историјата одиграле стотици дуели, многу од нив на нож, со големи тензии, нервози, прекини. Во четвртокот вечер за првпат се сретнаа и во елитната Евролига. Во белградска „Арена“ над 20.000 гледачи, многу гости од страна дојдени само за дербито, и гостинска публика која се радуваше на тројката за победа во последна секунда.