Кошарка

МЗТ ја сруши и Цедевита

По Цибона и Унион Олимпија, екипата на МЗТ Скопје совлада уште еден голем фаворит со евролигашко реноме. Кошаркарскиот шампион на Македонија ја совлада Цедевита, екипата со најголем буџет во Јадранската лига.

Гарнет заработил над 300 милиони од НБА

Во историјата на НБА лигата постојат 16 кошаркари кои имаат заработено на 150 милиони долари. Некои од нив не заслужиле толку, а во тоа ќе се согласите и вие кога ќе ја видите листата.

„Банана“ на денот

Двајт Хауард е познат по „Супермен" забивањето, но овој пат беше спречен да ги употреби своите супер-моќи од страна на Пол Милсап.

Триумф на Антиќ, порази за Мекејлеб и Самарџиски

На денешните натпревари од петтото коло на кошаркарската Евролига настапија тројца македонски интернационалци. Перо Антиќ славеше на гостувањето кај Емпорио Армани, а Лестер Бо Мекејлеб и Предраг Самарџиски беа поразени.

Цепелин на денот

Забивањето на денот во НБА лигата всушност е цепелин од пола терен на Андре Милер и Кенет Фарид од Денвер.

Лакт во грло

Томас Робинсон од Сакраменто Кингс заработи исклучување на натпреварот против Детроит Пистонс заради удирање со лакт во грло на Јонас Јеребко.

Шутот на Џордан - најдобра фотографија во историјата

Моментот кога Мајкл Џордан на пет секунди до крајот го реши НБА финалето против Јута Џез во 1998-та година, овековечен од фотографот Фернандо Медина го заслужи првото место во изборот на Sports Illustrated за најдобра фотографија во спортската историја.

Ламар од Лос Анџелес

Ламар Одом кој има освоено две шампионски титули со ЛА Лејкерс, а во моментов е член на градскиот ривал Клиперс, заборави за кого игра. Добро, барем градот не го згреши.

Бареа и Слоун се првите фолиранти во НБА

Симуланти пазете се, НБА ве прати. Откако пред почетокот на сезоната го најавија новото правило, челниците на НБА лигата ги испратија и првите официјални предупредувања за симулантите.

МЗТ Скопје триумфално во Љубљана

Кошаркарите на МЗТ Скопје приредија уште едно изненадување во АБА лигата. По четири порази македонскиот шампион во 7-то коло триумфираше на гостувањето кај Унион Олимпија во Љубљана.

Антиќ го победи Илиевски

Потпросечно издание на тројцата македонските претставници кои на денешните натпревари од Евролигата постигнаа вкупно шест поени. На „македонското дерби“ во четвртото коло, Антиќ со Олимпијакос прослави победа над Цедевита на Илиевски.

Кошаркарско-тоалетна традиција

Навивачите од целиот свет имаат најразлични традиции, но најчудната ја имат навивачите на кошаркарскиот тим од колеџот Џон Браун во САД.

Балканско советување

Хрватскиот тренер Јасмин Репеша го искористи тајм аутот на натпревар од шпанското првенство за да им се обрати на своите кошаркари во негов стил.

Сите НБА навивачи

Новата сезона во НБА лигата тукушто започна, па редно е да ги запознаеме и навивачите на сите тимови.

Гарнет тешко ја поднесе разделбата со Ален

Знаеме колку беше тежок разводот на Реј Ален со Селтикс и колку тоа тешко му падна на Кевин Гарнет. До толку тешко што Гарнет веќе не му прави муабет на Ален и не сакаше ни да се поздрави не отворањето на новата сезона.

НБА шампионот стартуваше со победа

Актуелниот шампион на НБА лигата имаше успешен старт на новата сезона. Мајами Хит во одбрана на титулата тргна со победа над Бостон Селтикс, ЛА Лејкерс беа поразени од Далас, а Кливленд славеше над Вашингтон.

Новиот тренер не го спаси МЗТ од пораз

МЗТ Скопје доби нов тренер, но старите проблеми останаа. Македонскиот кошаркарски шампион го забележа и четвртиот пораз во АБА лигата. Црвена Звезда без поголеми проблеми славеше со 60:75.

Леброн излета двајца

Леброн Џејмс измами (или што би се рекло во маало „ги прати по бурек") двајца кошаркари на Вашингтон со неверојатен потег во стилот на Харлем Глобтротерс.

Самарџиски победи, Антиќ и Мекејлеб поразени

Од тројцата македонски претставници во кошаркарската Евролига, Предраг Самарџиски со Литвос Ритас го победија Партизан, а Перо Антиќ и Лестер Мекејлеб беа поразени во третото коло.

Делиме карти за МЗТ - Црвена Звезда

Off.net.mk ве носи на кошаркарскиот натпревар од АБА лигата помеѓу КК МЗТ Скопје и Црвена Звезда.

Трет пораз во серија за МЗТ

Кошаркарите на МЗТ Скопје го забележаа и третиот пораз во низа во регионалната АБА лига. Овој пат тие загубија на гостувањето кај поранешниот трикратен европски првак Сплит со 73:65.

Мекејлеб најефикасен во победата на Фенербахче

Од четворицата македонски претставници, само Лестер Бо Мекејлеб со Фенербахче забележа победа, а Перо Антиќ, Владо Илиевски и Предраг Самарџиски претрпеа порази во второто коло од кошаркарската Евролига.

НБА ја крати забавата

Челниците на НБА лигата сметаат дека кошаркарите премногу се забавуваат пред почетокот на натпреварите па планираат да ги ограничат нивните ритуали на 90 секунди.