Кошарка

Валанчиунас заби преку Марјановиќ

Литванскиот репрезентативен центар Јонас Валанчиунас покажа дека не се плаши да забие преку еден од највисоките кошаркари во НБА, Србинот Бобан Марјановиќ.

Антиќ краде топки, забива и носи победи

Фенербахче синоќа славеше над Истанбул Бујукшехир со 76:62 во рамките на турскиот шампионат, а најпрeцизен поединец на паркетот беше Перо Антиќ со 15 поени. Годините не му пречат за вакви потези.

Задар не го заборава Тодор Гечевски

Легендата на мак кошарката, Тодор Тоше Гечевски најдобрите денови од својата кариера ги мина во хрватски Задар каде имаше иницијатива да му се крене биста пред салата „Крешимир Чосиќ“. На пријателскиот меч Работнички - Фенербахче, по повод 70. роденден на Скопјани, Гечевски ги одигра последните минути во кариерата а публиката долго го скандираше неговото име. Тој е можеби единствениот играч околу кој се сложуваат навивачите на Работнички и МЗТ Скопје. Кавадарчанецот сега работи како тренер на младинците на Работнички.

Работнички со специјално видео се загрева за роденденот

Со 14 првенствени титули и 9 Купови, КК Работнички е најтрофеен кошаркарскиот клуб во Македонија. Магијата на Градски парк ја почувствуваа многу славни македонски имиња, а темелите ги удри легендарниот стратег Лазар Лечиќ со првата петорка во историјата на клубот составена од: КЊАЗЕВ, САВОВИЌ, ЃОРГИЕВ, ЃОРЃЕВСКИ, Ј.ЛУКОВСКИ.

Романскиот наследник на Мурешан јаде по 7 оброка на ден

За Роберт Боброцки, детето од Романија високо 230 сантиметри пишувавме пред две години. Во меѓувреме не само што се извишил уште, туку и јаде по седум пати на ден. 

Перо и Гркот Слукас ги поздравија навивачите на Фенер

Кошаркарскиот клуб Работнички годинава прославува убав јубилеј, 70 години од своето постоење. За таа прилика на пријателски меч во Скопје доаѓа турскиот гигант од светски рамки Фенербахче а дуелот ќе се игра на 30. септември од 19 часот во ВИП Арената на СЦ Борис Трајковски.

Перо ќе се бори за Фајнал Фор на домашен паркет

Сега е и официјално: Борбите за титулата европски клупски кошаркарски првак ќе се одвиваат од 19 до 21 мај следната година во Арената Синан Ердем во Истанбул каде што се играше пред 4 години.

Како леташе Винс Картер преку човек

Летните Олимписки игри во Сиднеј 2000 се одржаа овој период од 15 септември до 1 октомври. Кошаркарите на САД се појавија со Џејсон Кид, Тим Хардевеј, Гери Пејтон, Алонзо Морнинг, Кевин Гарнет и остала златна генерација која се разбира дека освои златен медал. Играше тогаш и 23 годишниот Винс Картер кој вака му играше еден на еден на 20см повисокиот Федерик Ваис (218см).

По 21 година, волкот со број 21 ја напушти играта

По Коби Брајант, Тим Данкан и Амаре Стадемаер, годината 2016 ќе остане запаметена по крајот на кариерата на уште еден славен лик кој минатиов викенд стави точка а кој беше мост меѓу старата школа и футуристите.

Антетокумпо е третиот Европеец со договор од 100 милиони во НБА

Грчкиот репрезентативец со нигериско потекло, Јанис Антетокумпо го продолжи договорот со Милвоки Бакс според кои ќе заработи 100 милиони долари во следните четири години.

Среќа во несреќа, Македонија ќе игра квалификации за СП

Минималниот пораз од два поени разлика вечерва од Унгарија (63-61) и триумфот на Кипар над Швајцарија ја спаси Македонија од испаѓање во Б Дивизија. Унгарците играа без Ханга и Војвода, но повторно беа подобри од нас.

Црни денови ја чекаат македонската кошарка

Македонската кошаркарска репрезентација по сè изгледа нема да игра во квалификациите за СП 2019 во Кина, туку во исто време ќе се обиде од Дивизија Б да се врати во Дивизија А за да евентуално може да игра квалификации за ЕП 2021. До тогаш може само да си свиркаме.

Кошаркарите ќе гледаат Европско пред телевизија

Во претпоследниот натпревар од квалификациите за ЕП2017, Македонија убедливо загуби од Велика Британија со 60:89.

Како Шек го зафркавал Дивац пред финалето

Сакраменто и Лејкерс во 2002. година го одиграа можеби најепското конференциско финале во НБА. Сите ги паметиме седумте дуели од кои Лејкерс излезе како победник (4:3). Пред еден меч Шек решава да му испее песна на Дивац која што ја смислил во моментот.

Гол на колото за слаба утеха

Лил на домашен терен загуби убедливо со 1-4 од Монако, а почесниот еврогол за домаќините го постигна Жулиен Палмиери во 90’ минута од средбата. И тоа каков!

НБА ѕвездата Мирза Tелетовиќ исвиркан од своите

Кошаркарите на Босна и Херцеговина ги загубија шансите да се пласираат на Евробаскетот откако синоќа во Тузла вторпат загубија од Русија (78:67), но полошо од тоа делуваа сцените пред крајот на мечот кога капитенот Мирза Телетовиќ вербално го нападна младиот Муса.

Ќе се решава против Велика Британија во Кавадарци

Македонските кошаркари одново се измачија со Луксембург, овојпат на гости, каде победија 82:74 и задржаа какви такви шанси за второто место во групата.

Пораз на кошаркарите, Европското сè подалеку

Втор пораз на три меча во квалификациите за Европското и македонските кошаркари веројатно го губат чекорот за место на континенталниот собир следната година. Во Кавадарци вечерва Унгарија беше подобра за 10 поени, 66:76.

Кошаркарите убедливо поразени од Велика Британија

И покрај солидната поддршка во Лондон, македонската кошаркарска репрезентација не одигра на потребното ниво и загуби со 96-79 на мечот од второто коло во квалификациите за Евробаскетот 2017.

Првиот баскет во Македонија се тапкал во Штип

Минатата сабота во градот под Исарот се навршија точно 83 години од одигрувањето на првиот кошаркарски натпревар во Македонија. Се презентираше и планот за изградба на споменик во чест на првата средба.

Магичните додавања на Теодосиќ

Селекторот на САД, Мајк Кшишевски неколку пати повтори дека најдобар плејмејкер во Европа е кошаркарот на ЦСКА Москва, Милош Теодосиќ кој беше најзаслужен што неговата репрезентација го освои сребрениот медал на ОИ во Рио.

САД неприкосновени, Дурент ги водеше до ново злато на ОИ

Американската кошаркарска репрезентација стигна до неверојатното 15-то кошаркарско злато, а трето последователно откако вечерва со 30 поени разлика ја победи сребрената Србија 96:66 (19:15, 33:14, 27:14, 17:23).

Дежуловиќ за хрватското кошаркарско проклетство

Пред пар месеци, бескомпромисниот критичар Борис Дежуловиќ напиша колумна во која подвлече паралела меѓу ЕП 1995 во Атина кога хрватските кошаркари го напуштија подиумот и ОИ во Рио 2016. Колумната е поактуелна деновиве отколку тогаш.