Кошарка

Дежуловиќ за хрватското кошаркарско проклетство

Пред пар месеци, бескомпромисниот критичар Борис Дежуловиќ напиша колумна во која подвлече паралела меѓу ЕП 1995 во Атина кога хрватските кошаркари го напуштија подиумот и ОИ во Рио 2016. Колумната е поактуелна деновиве отколку тогаш.

Србија - Хрватска од два различни агли

Коментаторите на РТС и ХРТ никако не можеа да ги сопрат емоциите па секој кош на своите го проследуваа со урлик. Борба, искри и добра кошарка.

Забивањето на Радуљица преку Шариќ

Кошаркарите на Србија го добија балканското Ел Класико против Хрватска со 86:83 и се пласираа во полуфиналето на Игрите во Рио каде ќе играат против Австралија. Момент на мечот беше забивањето на кошаркарот на Милано, Мирослав Радуљица над Дарио Шариќ. Во второто полуфинале САД во дербито ќе игра против Шпанија.

Србите им ја сокрија топката на Американците

Иако селекцијата на Србија имаше очаен старт на дуелот со САД и за 7 минути губеше 23:5, сепак избраниците на Александар Џорџевиќ ја стегнаа играта и загубија само три разлика од големиот фаворит. Ова е нивната најубава акција на мечот.

Ирвинг ја повтори тројката од мајсторката со Голден Стејт

По победите против Кина и Венецуела, кошаркарите на САД стигнаа и до третата победа во Рио откако синоќа славеа над Австралија со 98:88. Кајри Ирвинг постигна 12 од вкупно 19 поени во последната четвртина и потсети и постигна тројка на 1:35 до крајот, слична како онаа против Вориорси на 55 секунди до крајот на седмиот меч.

Најголемото дрво за забивање во НБА

Џавал Маги игра за Далас Маверикс, претходно беше во Вашингтон, Денвер и Филаделфија, а неговиот 8 годишен стаж во НБА лигата нуди интересна компилација на киксови кои не се типични за играч во НБА. Инаку висок е 212 см и игра на позиција центар.

Дивац за своите: „Ќе ве убие Казинс од Сакраменто“

Иако веќе неколку години е претседател на српскиот Олимписки Комитет, Владе Дивац на само една недела пред стартот на Олимписките Игри изјави дека центарот на неговиот тим Сакраменто, ДеМаркус Казинс „ќе ги убие под обрачите“.

Забивање на денот

Има 12 години, висок е 165 см, но му текна како можело.

Последната епизода на Стречерси

Во 10-та и последна епизода од првата нивна сезона, Бошко, Мите и Елдан прават осврт на историската сезона и историскиот плејоф, потоа зборуваат за заминувањето на Кевин Дурант од Оклахома, за тивкото пензионирање на Тим Данкан и за сите останати размени и потпишувања на слободни агенти. Им благодариме на дечките кои го направија првото македонско НБА шоу. Се гледаме на есен.

Како Лејкерс го украле Шекил од Орландо

И покрај тоа што важеше за моќна и богата франшиза, Орландо не направи ништо по прашањето да го задржи Шекил во своите редови. Ја докажуваа својата надмоќ со тоа што ја критикуваа неговата игра и на крајот Шек реши да потпише со Лејкерс каде направи империја.

Како цел Сан Антонио го славеше Денот на Тим Данкан

Вака големо уважување кон еден играч во НБА ретко кој град имал како што тоа го манифестираше Сан Антонио вчера, официјално на Денот на Тим Данкан. И старо и младо му изрази благодарност за се што направи во црно-белиот дрес 21.

МЗТ Скопје ќе игра во Еврокуп против Уникаха и Баерн Минхен

Актуелниот македонски првак и единствен претставник во Јадранската лига, МЗТ Скопје доби покана од раководните луѓе на Еврокупот за учество во ова елитно натпреварување.

Како денес би изгледала кошаркарската репрезентација на Југославија

Ако се погледнат имињата кои ова поднебје ги извади во последните неколку години, тогаш е сигурно дека една заедничка кошаркарска селекција ако ништо друго барем би можела да му парира на Дрим Тимот во големите финалиња и во Европа да биде најдобра.

Љубомир Николовски со преносот на Ол-Стар мечот од 2001-ва

Ден-денес кога ќе се спомне НБА, ретко кој ќе пропушти прилика да го спомене и гласот на најдобриот македонски коментатор на најдобрата светска лига. Преносите со него вредеа целоноќно прозевање и мамурност следниот ден.

Зошто ни фали НБА од ’90-те?

Џордан, Стоктон, Мелуон, Мутомбо, Дивац, Меџик, Пени Хардавеј, Фил Џексон, Шек, се имињата кои секој НБА носталгичар го асоцираат на некое поубаво време во најдобрата светска лига кога навивавме аларм да станеме сред ноќ.

Авантурата на еден американски кошаркар во Македонија

Џерод Хас е тренер во колеџ лигата во САД и е назначен е за нов стратег на Стенфорд. До тука ништо не нè интересира. Одиме со неговите случки како кошаркар. Патувал 48 часа со автобус во два правци и го прашале зошто не играш добро. Јасно ви е од каде тргнал, така?

Дојде и тој момент - ќе ни фали господин Тим Данкан

Една од најславните кариери во историјата не само на кошарката, туку и на спортот воопшто заврши, откако Тимоти Данкан одлучи дека нема сили за 82 меча и плејоф во една сезона.

Трансферот поради кој целиот свет го хејташе Голден Стејт

Со ангажманот на Кевин Дурент, Голден Стејт одново влезе во историјата - како прва франшиза во НБА во која ќе настапуваат дури 4 од 20 главни суперѕвезди во НБА.

Што му направи Џордан на Кливленд

Ни улета едно од оние епски видеа каде МЈ е во главна улога. Се враќаме во 1993-та и четвртиот натпревар меѓу Чикаго и Кливленд во полуфиналето од Источната конференција кое заврши 4:0 на ваков начин:

Бен Симонс прв пик на драфтот, ќе игра за Филаделфија

Бруцошот на Универзитетот ЛСУ Бен Симонс е избран како прв, втор пик е Брендон Инграм, ниското крило од Дјук кој ќе игра за ЛА Лејкерс, а Џелејн Браун како трет оди во Селтикс.

Родман му честита на Кливленд и го величи Чикаго Булс

Кошаркарите, актуелни и бивши, како и други познати Американци се фрлија на честитики упатени до Кливленд кој ја освои првата НБА титула во својата историја. Меџик Џонсон го вбројува Леброн Џејмс во топ 5 најдобри играчи на сите времиња