Се работи за 25 годишниот Јовица Трпевски, кошаркар на македонскиот второлигаш Гостивар кој е еден од 15-те загинати во синоќешната автобуска несреќа која ја потресе цела земја.
Клубот излезе со соопштение во кое бара одложување на Купот на Македонија кој е закажан за престојниот викенд во Гостивар, како и на сите натпревари од втората лига заедно со младинските.
Целото соопштение:
„Поради трагичната несреќа која го погоди нашиот град. Кошаркарскиот клуб Гостивар најдлабоко жали за огромниот број сограѓани кои ги изгубија своите животи и соочуствуваме со нивните семејства, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување.
Ја информираме јавноста и МКФ дека, КК Гостивар не е во состојба да учествува на престојниот КУП на Македонија и бараме безусловно одлагање на истиот.
Во трагичниот настан, животот го загуби и нашиот играч Јовица Трпевски, ги одлагаме сите натпревари од Втората и младинските лиги закажани за викендов“.
КК ГОСТИВАР