НБА2019

Спектакуларен Ол-Стар меч во Шарлот со многу атракции

Третата последна вечер од Ол-Стар викендот одигран во Шарлот, на најголемиот настан, тимот на Леброн го победи тимот на Јанис со 178:164 (53:37, 42:45, 36:50, 33:46)

На феноменалниот Ол-Стар се сретнаа екипи кои ги бираа капитените на двата тима - Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо. Мечот, како и секој досега низ годините почна отворено и без многу напор, практично како забавно шоу.

Тимот на Јанис често беше во водство благодарение на страшните забивања на Гркот. Од друга страна, Леброн и дружината не „погодија шпорет“ па негативата им се зголемуваше. Во еден момент тимот на Џејмс губеше со двоцифрена разлика но во моментот кога изгледаше дека победникот рано е решен, се заинаети Кевин Дурент.

Во последниот период од мечот натпреварот „се уозбили“, се заигра сериозен баскет а одбраните станаа поконкретни. До крајот од мечот Дурент погоди буквално се што фрли, тоа го измотивира и Кавај Ленард и тимот на Леброн заслужено славеше после пресврт со 178:164.

МВП наградата втор пат во кариерата ја доби Кевин Дурент кој постигна 31 поен со 7 скокови. Кај тимот на Леброн, Клеј Томпсон уфрли 20 поени, а Ленард и Џејмс по 19. Дамјан Лилард даде 18 коша и беше меѓу најзаслужните за пресвртот кој го направија за само 4 минути.

18 февруари 2019 - 09:10