Дербито Панатинаикос - Олимпијакос е прекинато после првото полувреме. Овојпат причина не како што секој би помислил, дивеење на хулиганите, туку поради наводен лош третман кај судиите.
Причина за ова било што во првите 25 секунди на „црвено-белите“ од Пиреја им биле досудени дури три лични грешки.
Кошаркарите на Олимпијакос прво долго време останале во соблекувална, подолго од што е предвидени а на крајот ја напуштиле салата.
Резултатот во тој момент бил 40:25 за Панатинаикос кој оди во финалето на Купот а Олимпијакос веројатно драстично ќе биде казнет.
Aquí la eufórica (?) celebración de Panathinaikos: pic.twitter.com/8Yj3jzUuse
— R (@riquiardo12) February 13, 2019
Кулминација на лудилото беше моментот кога ексцентричниот газда на Панатинаикос Димитрис Јанакопулос додека играчите на Олимпијакос биле во соблекувалните, на клупата им оставил црвена танга:
Αυτό είναι ντροπή και ξεφτίλα για σύλλογο που λέγεται Παναθηναϊκός κύριε Γιαννακόπουλε.#ΠΑΟ #Παναθηναϊκός #PanathinaikosBC #PAO #PAOBC #PAOOLY pic.twitter.com/E5q2koeQ6n
— 🔅Óðinn (@DeusExBoreae) February 13, 2019