Најјакиот тајм аут во чест на Дирк Новицки

Легендарниот германски кошаркар кој игра во НБА од времето на Мајкл Џордан, Џон Стоктон, Карл Мелоун, Пени Хардевеј, Грент Хил, Олајџивон, Пејтон, Кемп и остала банда од тоа златно време, доби страшно јак респект од тренерот, ама на спротивната екипа. Нешто невидено до сега.

Остануваат уште 9 секунди до крајот на мечот кој Лос Анџелес Клиперс ќе го добие бидејќи води против Далас со 121:112.

Наеднаш се случува прекин, тотално необјаснив бидејќи натпреварот е решен. Тајм аутот го свика тренерот на Клиперски, Док Риверс кој прави нешто за кое коментаторот вели дека не го видел никогаш претходно.

Му го зема микрофонот на спикерот и пред полна сала го изговара следново:

"Let's go! Let's go! Let's go! One of the greatest of all-time, Dirk Nowitzki!"

Каква чест за човекот кој сезонава му е последна во кариерата, а го носи дресот на Далас Маверикс од 1998-ма година, годината кога Чикаго Булс со Џордан, Пипен и Родман ја совладаа Јута Џез во финале 4:2.

Ова легендарно германско име синоќа стана само четвртиот кошаркар со 1.500 настапи во историјата на НБА каде го има на паркет 21 сезона.

Пред него се само Роберт Периш со 1.611 настапи, Карим Абдул-Џабар со 1.560 и Џон Стоктон со 1.504 НБА средби.

Колку факинг јак потег на Док Риверс, цела сала стана на нозе. Да се наежи човек.

26 февруари 2019 - 13:52