НБА ѕвезда од Европа се соочува со затворска казна поради наводно силување

Полицијата во Њујрок денес отвори истрага во врска со обвинението дека кошаркарот на Далас Маверикс, Кристапс Порзингис пред околу една година силувал девојка.

Жртвата (околу 20 години) се обратила во полиција минатиот четврток. Таа тврди дека чекала повеќе од една година, затоа што најдобриот летонски кошаркар и предлагал да молчи за што и дал 68.000 долари со кои нејзиниот брат се запишал на колеџ, а подоцна Кристапс престанал да и префрла пари.

Според верзија на девојката која што го покренала обвинението, Порзингис наводно ја силувал на 7 февруари 2018 година и тоа после мечот со Милвоки (89:103) кога доживеа тешка повреда на лигаментите.

На тој меч, тогаш како кошаркар на Њујорк Никс, Кристапс одигра 11 минути пред страшната повреда да се случи, а потоа се вратил во својот стан на Менхетен и ја викнал девојката која исто живеела во тој блок. Наводно ја повикал во 2 часот после полноќ во неговиот дом, каде и што се случило наводното силување.

Девојката исто тврдела дека кошаркарот ја удрил со тупаница по лице и ја нарекувал „моја робинка“ и „моја кучка“ додека таа не се оттргнала.

Во април минатата година се објави 23-минутен документарен филм, посветен на рехабилитација од повредата на Порзингис. Во оваа документарка, Кристапс раскажува дека ноќта после повредата се вратил дома во друштво со двајцата браќа и физиотерапевтот Маноло Валдивиезо и се напил една чашка текила.

„Се вративме дома и мислам дека понесовме четири чашки текила. Им кажав: ’Ова е за нов почеток’. Се напивме и следниот ден го почнавме како ново поглавје. Бев во шок кој траеше до следниот ден. Кога такви работи се случуваат, не може да поверувате“.

Адвокатите на Порзингис ги негираат сите обвинувања:

„Се запознавме со сите обвинувања на сметка на господин Порзнгис и во целост ги негираме. Уште во декември лани ние пративме официјална изјава до правосудните органи во која ги наведовме ’грабливите’ барања од страната која обвинува. Исто и ја предупредивме лигата пред неколку месеци - тие одамна се во тек со можни обвиненија.

Повеќе не може да се коментира поради истрагата на федералниот суд. Ве молиме за сите прашања обратете се во Федералното биро или кај претставниците на НБА“, стои во соопштението.

****

Кристапс Порзингис во текот на оваа сезона беше трампан од Никс во Далас. Според информациите на ESPN, Њујорк знаел за тоа дека против нивниот најдобар играч може да биде покренато обвинение и за тоа ги предупредил Маверикси.

Подоцна The Dallas Morning пишувал дека клубот Далас не ги добил сите потребни инфорамции: Наводно Никси им соопштиле дека играчот има проблеми, но не им кажале за можно обвинение за силување и други подробности.

Претставниците на Далас не ја коментираат ситуацијата. Сопственикот на клубот, Мајкл Кјубан изјавил дека „федералните власти му забраниле да дава изјави“.

Самиот Порзингис ја пропушти сезонава поради тешката повреда на лигаментите и ниту во еден момент не бил со екипата за некој натпревар. Според главниот тренер, Рик Карлајл, овој случај не му смета за да го стави Кристапс макар на клупата за резерви, но ако самиот играч реши да не и се приклучи на екипата, тогаш клубот ќе му излезе во пресрет.

Согласни изворите на New York Post, детективите го кријат идентитетот на девојката. Официјално полицијата на Њујорк досега не излегла со никакви детали за кои пишуваат разни изданија.

Летово Кристапс претендира да потпише астрономски договор со Далас на 5 години, вреден 158 милиони долари.