По драматична и динамична кошарка во живот не сте гледале

Фудбалската репрезентативна треска со Пандев, Елмас и другарите ќе ја разбиеме со три кошаркарски епски видеа измислени за нашиот сајт. Ова ќе му дојде нешто како НБА пародија. Уште Миле Паника им фали.

Имате ли појма што се случува со кошарката во Ерменија? Земјата која ја тепавме 2:0 во фудбалската Лига на Нации, а потоа ни врати со 4:0, ја има најциркузантската кошаркарска сцена која сме ја виделе до сега.

Додуше се работи за втора лига, ама сепак ова е далеку полошо од маалски баскет 3 на 3. И тоа пазете, во хајлајтсот ќе видите како изгледа второлигашкото дерби каде има и чичковци кои имаат во просек по 59 години.

Ова не знае човек дали е кошарка или натпревар кој ќе фрли повеќе бунари и ќе ја изделка таблата. А пазете го плејмејкерот со број 11. Стефон Кари за сиромашни. Од слава станал најаден и земал топка да води.

Чекајте чекајте, ви рековме три видеа се. Атрактивната кошарка во второто ќе ја разубави еден тромав џин кој ги лепи под кошевите колку сака. Доминацијата ја искористил максимално и стигнал до скор од 35 поени, 30 скока и 15 блокади.

И во ова видео преовладуваат смешни и бавни потези и промашувања, а под него е потегот на мечот или трагедијата од цепелин. Тражили сте гледајте.

23 март 2019 - 09:00