Кошарка

Вечно дерби со сите салтанати

Поранешниот македонски селектор, Александар Џикиќ го препородува белградски Партизан кој до пред 2 недели се бореше за опстанок во АБА лигата, а синоќа ја врза третата победа по ред и тоа против најомразениот ривал 86-81. Дербито помина очекувано, со многу провокации и инциденти.

Кога изведба на химна ќе те извади од патики

Офицерот Карлтон Смит работел на мечот меѓу екипи од Западна Вирџинија. Како поранешен учесник на вокалното шоу Американски идол, пеачката Лесли Дорчестер го препорачала полицаецот да ја испее химната пред кошаркарскиот дуел. А тој не само што ја испеа, туку ја искина.

Играш баскет во маало и ти доаѓа Шек

Децава галамат на баскет и некој им вика полиција, а потоа се појавува ѕверот кој растел во истото маало да расчисти ситуација.

Зошто Блат не можеше против Леброн и опкружувањето

Еден од главните НБА инсајдери и прилично голем хејтер на Леброн Џејмс, Едриан Војнаровски раскажува за актуелната ситуација во Кливленд, откако франшизата реши да го избрка тренерот Дејвид Блат.

Најпознатите циркузи и тепачки во Евролигата

Кошаркарската Евролига не е позната по инциденти, ретко се случуваат, но кога ги има знаат долго да бидат во најавните шпици. Намерни лактови, плукање, тупаници.

Тајните за легендарните 100 поени на Чемберлен

На денот кога се потсетуваме на рекордните 81 поен на Коби Брајант остварени пред точно 10 години, одиме со детали за најдобрата индивидувална партија во НБА на сите времиња од која нема видео.

Кошаркарски поен со глава

Мечот е одигран со средно школо во Алабама, а девојката на стрелецот го направила видеото во забавена варијанта. Колку што паметиме, сме немале вакош кош на сајт.

Денот кога Коби постигна 81 поен

„Претходниот ден имавме забава во чест на роденденот на мојата ќерка Наталија. Бевме дома, собрани семејството и пријателите. Голем ден беше. Вечерта отидов кај масерот, работев на коленото кое ми правеше проблеми пред средбата. Нарачав пица после мечот и сите јадевме", изјави Коби за ЕСПН по средбата против Торонто во Стејплс Центарот кога постави рекорд.

Македонија доби лесна група за ЕП 2017

Македонската кошаркарска репрезентација ги доби противниците за квалификациите за Европското првенство кое се игра во Турција, Израел, Финска и Романија идната година.

Барса го доби Ел Класико со звукот на сирената

Кошаркарите на Барселона славеа со кош во последната секунда од мечот против Реал во Мадрид во дербито на 5. коло во Евролигата. Кралевите имаа водство во текот на целиот меч, но Каталонците на осум секунди организираа напад кој го реализираше Џастин Долман.

Јута 1998, каде се сега?

Хероите на нашето детство, за кои баш редовно се остануваше доцна после полноќ се на различни страни, но и натаму ги врзува љубовта за џезот.

Вујошевиќ знае бар нешто англиски

Кошаркарите на Валенсија имаа неверојатна серија од 28 победи по ред во сите натпреварувања и ниту еден пораз. Сè до синоќа кога налетаа на Лестер Бо Мекејлеб и францускиот Лимож на чија клупа од пред една недела седи Душко Вујошевиќ кој сега има мака во преводот.

Летонецот кој ги затвори приодите кон кошот на Њујорк се борел со анемија

Кристапс Порзингис е еден од оние нови клинци во НБА кој е доказ дека играчи како Новицки ќе имаат свои наследници. Германецот за него изјави: Небото е граница за тоа дете.

Кошарката во 2015-та

Прв Македонец во едно конференциско НБА финале, нова титула на МЗТ Скопје, славјето на Голден Стејт, бледиот настап на македонските кошаркари на ЕП и приведувањето на Антиќ во Њујорк беа главни кошаркарски вести кај нас од годината што изминува.

Шутерската престрелка на Каспи и Кари

Средбата Голден Стејт - Сакраменто 122-103 ја одбележи шутерското шоу на Стеф Кари и на Омри Каспи кој се испостави дека не му се дава на МВП-то. Каспи го заврши мечот со 9/12 погодени тројки и највисоки во кариерата 36 поени. Од друга страна, Кари имаше 5/5 за три и 17 поени постигнати во само три минути игра.

Перо Антиќ - кошаркар од раѓање

За каналот на Евролига, Перо Антиќ открива дека татко му Зоран е најзаслужен за тоа што почнал да се интересира за кошарката како спорт. Антиќ раскажува и за првите почетоци во кариерата.

Зошто не се пропушта мечот Голден Стејт - Кливленд

Вечерва од 23:00 се игра дербито во НБА, дуелот на двајцата играчи кои ја одбележаа минатата и тековната сезона и дуел кој би можел да покаже кој е во подобра форма.

Драматичната завршница на МЗТ - Партизан

По којзнае кој пат Металците и Црно-белите одиграа драматични последни 2 минути од еден натпревар. За разлика од првиот меѓусебен меч во Белград, кога МЗТ загуби буквално на една топка, сега на баскетот поубаво му беше во кошот на Партизан за конечни 82:78.

Контра реплика на Антиќ

Преписката на релација Перо Антиќ - МКФ продолжува. На соопштението на кошаркарската федерација на Македонија, поранешниот македонски репрезентативец им врати повторно директно.

МКФ: Антиќ е обичен и небитен поединец

Втора епизода на меѓусебни препукувања преку интернет, меѓу Перо Антиќ и кошаркарската федерација на Македонија. На Фејсбук статусот на Антиќ, МКФ одговори со соопштение на својот веб сајт.

Зошто Антиќ го нема во изборот за најдобар спортист на 2015?

Иако на клупски план направи нешто што не му појде од рака на ниту еден македонски спортист, годинава изборите за кошаркар и воопшто спортист на годината ќе минат без Антиќ. Причините за тоа се бараат на неколку адреси.