Порзингис се фатил за баскетот на 6 години и тргнал по стапките на неговите дома. Брат му на 12 години го запишал во Лиепајас Лаувас, најпознатиот клуб во градот и тоа било прав избор. Агент од Летонија го снимал како игра на 15 години и видеата ги пратил во неколку италијански и шпански екипи.
На проба го викнале во Севиља, а тој на 15 години им се појавил со висина од 203см. Пробата резултирала со потпишување договор. Но не одело сè така глатко за него на патот до НБА. Порзингис на тренинзите бил поспан и не се чувствувал добро, а нутриционистот на клубот открил дека боледува од анемија. Тој имал помалку црвени крвни зрнца и чувствувал замор, недостаток на воздух и неспособност за тренирање.
Болеста ја победил и по две години играње во младинскиот тим, на 17 години дебитирал за прв тим. На големиот талент не му требаше многу калење во европска конкуренција и минатото лето со неполни 20 години беше избран за четврти пик на драфтот во НБА.
Во најсилната кошаркарска лига во светот настапува само три месеци и веќе го има статусот на ѕвезда. На Инстаграм со следат над 300.000 луѓе, а тој од натпревар во натпревар се докажува со фантастични бројки.
По првите 18 меча, младиот Летонец стигна до просек од 13,7 поени по натпревар, што го прави трет најдобар руки играч и втор по бројот на скокови, 9,3 по натпревар. Специјалност му се блокадите и забивањата, а висок е 221 см.
Порзингис на дебито против Милкови на 28 октомври имаше 16 поени и 5 скока, на следниот меч против Сан Антонио стигна до дабл дабл учинок, а за сега рекордни 28 поени му се кога се чуваше со Новицки. Прогласен е за руки на Источната конференција за месец декември.
Синоќа против Бостон постигна 26 поени, од кои 16 само во прва четвртина.
Пред три дена на Милвоки им додели 5 банани, но покажа уште нешто.
Кошаркарите на Минесота добија седум банани од него.
1,2,3 во еден напад.