Јута го избра како 27-ми пик на драфтот во 1997. Често пати Џери Слоун недоволно ги распределуваше минутите на младите играчи. Жак Вон ја имаше таа среќа да добива по 10 минути. На еден тренинг Стоктон случајно го удрил со лакт по челото и му оставил забележителна лузна. Вон дојде во фокусот во третиот натпревар од финалната серија. Јута дојде целосно неподготвена и загуби од Чикаго со 42 поени, а тој за 7 минути на паркетот шутираше 6 пати и ниту еднаш не погоди.
Жак Вон стана еден од најмладите тренери во историјата на лигата кога го презеде Орландо. Но ништо добро не излезе од тоа, затоа што за 2 ипол сезони во франшизата, Орландо победи на само 58 натпревари и го отпуштија. Денес Вон е во својот дом во Сан Антонио, каде после улогата помошен тренер, стана скаут на Спарси.
Крис Морис
Во 1998. Морис стекна репутација во Нетс, каде се прослави не толку како врвен играч, туку како кошаркар што ја разбира тактичката страна.
Во Јута Џез го суспендираа поради избегнување тренинзи. Го казнија пора тоа што на велосипед дошол пар минути пред натпревар. На крајот сè резултираше со епска епизода: Морис доби шанса против Никси, одигра три минути и постигна седум поени. Тренерот во еден момент слушнал како Морис го навредува, се обиде да го избрка од клупата, и кога тоа не успеа го повикаа обезбедувањето. Јута бараше трејд, договорија трансфер на Грег Фостер и Морис во замена за Рони Сејкал, но последниов одби да оди во Џез.
Морис во моментов живее со сопругата во Тексас, каде се занимаваат со центарот за лечење на деца од сиромашни семејства.
Ентоан Кер
Остана запаметен како еден од најдобрите центри кои играле со Карл Мелоун. Неговиот квалитет најдобро дојде до израз во 5-от натпревар од финалната серија, кога погоди неколку важни поени (имаше 5 од 6) и ѝ помогна на Јута да победи. Кари денес живее помеѓу Сан Антонио и Хјустон и се грижи за мајка му која боледува од рак. Од време на време доаѓа во Солт Лејк Сити да одржи некој тренинг со младите играчи или да работи како стручен коментатор.
Грег Фостер
Грег Фостер првпат се докажа во финалето во 1997-ма кога неочекувано во третиот меч постигна 15 поени и тоа во првото полувреме. Но и тоа не беше доволно да ги убеди раководните луѓе во Џез. Прво, тешко му беше со раст од 211 сантиметри да најде пристап во тогашната кошарка, играше само во нападот каде не покажа многу вештини во шутот од пост.
Денес Фостер му помага на Џејсон Кид во Милвоки, а тренерскиот занает го учеше во Филаделфија.
Грег Остертаг
Иако често неспретен и тромав на теренот, Остертаг имаше изграден шут. Го паметиме и по тетоважата на неговиот морален идол - Фред Кременко. Во состав со Мелоун и Стоктон мораше да дава сè од себе, за да не изгледа како безгрижен статист. Во 2011-та се обиде да се врати во НБА, но сфатил дека здравјето не е исто. Сега е во Аризона каде чува четири деца, игра голф и два пати неделно оди на хокеј на мраз во аматерската хокеј лига.
Џеф Хорначек
Неочекувано стана трета ѕвезда на Јута Џез. Пред неговото доаѓање, Јута имаше 45 победи, а со него во тимот 53 триумфи. Хорначек беше најомилен лик меѓу навивачите, затоа што важеше за средовечен белец кој на прво место ги става семејните вредности. На гостинските натпревари никогаш не ја напуштал собата и не трошел часови време во разговор со децата. Денес е главен тренер на Феникс Санс.
Џон Стоктон
Сопственик на најкратките шорцеви и на неколку рекорди во лигата. Најзаслужен за успесите на Јута. Се пензионираше во 2003. година и веднаш почна да работи во неколку младински категории (седум или осум тимови). Плејот секогаш најавуваше дека ќе остане во кошарката, но и дека му недостига времето со семејството. Истовремено израсна неколку деца (Мајкл Стоктон игра во втората германска Бундеслига, Дејвид се обидува да се пробие во НБА преку Д-лигата, ќерките Линдзи и Лаура играа за тимот на Монтана). Џон Стоктон беше главен кандидат за тренер на Јута во 2014-та по заминувањето на Тајрон Корбин.
На почетокот на 2015-та стана помошник тренер во женската екипа на Универзитетот Монтана Стејт, за кој игра и Линдзи Стоктон.
Карл Мелоун
Сопственик на смешниот прекар Поштарот, со кој се алудираше на неговата стабилност и сигурност во постигнување на целта. Парадоксално, во финалната серија, особено во првиот натпреваро 1997-ма и шестиот од финалната серија 1998-ма, кога услугите од поштарот беа најпотребни, поштата остана празна.
И покрај тоа Мелоун останува симбол на едно време. Неговата жива природа не престана ниту по завршувањето на кариерата. Мелоун четири години работеше како помошник тренер на Универзитетот Луизијана Тек, а потоа во 2013-та ја доби улогата тренер на Јута. Се испостави дека поврзаноста за едно место не е за него, така што легендарниот Мелоун се посвети на хобито.
Денес Мелоун активно држи 4 ресторани (во Луизијана, Ајдахо и Јута). Има продавница за половни возила, неколку дуќани за резервни делови, сервисни станици, ранч, неколку станбени објекти за изнајмување, трговски центар, како и специјализиран ранч за одгледување на елени.