На 14. јуни 1998-ма се играше Game 6, решавачкиот дуел во финалето на НБА меѓу Јута Џез и Чикаго Булс. Мајкл Џордан за последен пат го носеше дресот на Чикаго а тоа што го направи на 5.2 секунди до крајот, пред гостинска публика е најлегендарен момент во светската кошарка.
Џордан, Стоктон, Мелуон, Мутомбо, Дивац, Меџик, Пени Хардавеј, Фил Џексон, Шек, се имињата кои секој НБА носталгичар го асоцираат на некое поубаво време во најдобрата светска лига кога навивавме аларм да станеме сред ноќ.