Кошаркарската репрезентација на Србија стигна до втората победа на Евробаскетот 2017, откако славеше против Турција 80:74 во дербито од групата Д. Оваа нивна игра во одбрана, како и атрактивната акција од контра заслужува да влезе во некоја топ листа.
Иако беше мајстор за слободни удари и оние негови префинети “кифли“ од горниот лев агол на шеснаесетникот на кои голманите обично немаа одговор, сепак омилениот гол на Алесандро Дел Пјеро кој тој го постигнал е сосема поинаков. Се работи за решавачки од средбата Јувентус - Фиорентина 1994-та во неговата втора сезона во Јуве. Вели уникатен е, затоа е најдобар и во право е.
Живко Манасиевски, Петар Петровски и Кичо Ристов се членови на екипата „Баду тим“, а капитен им е Ивица Глигоровски кои нè запознава со единствената македонска екипа по баскет 3х3 регистрирана во ФИБА и нивните учества на турнири.
Како ретко кога досега, Европското во кошарка ќе мине без најголем број ѕвезди кои претежно играат во НБА и кои не добија зелено светло од франшизите за настап во Турција, Романија, Финска и Израел.
Досега бројката на загинати е 35 луѓе и преку 100.000 загрозени кои останале без струја, без вода или без покрив над глава. Америка е солидарна со настраданите а помагаат и најпознатите спортисти во земјата.
Македонското 3x3 Basketball здружение, на 15-ти и на 16-ти септември, на платото пред скопската фонтана во Градски Парк, ќе го организира првиот 3x3 Basketball турнир на територијата на РМ, официјално признат од FIBA кој што е дел од календарот на светската куќа на кошарката.
Канадскиот кошаркар Алекс Џонсон ја побарал својата девојка Бреј Дорсет за време на еден ревијален меч каде после два лесни поени изглуми повреда за да клекне на колена пред неа.
Двете најсилни екипи од Источната Конференција ги разменија плејмејкерите (првиот и последниот избор од Драфтот 2011): Кајри Ирвинг оди во Бостон а Ајзеа Томас во Кливленд.
Еден од најдобрите светски кошаркари на денешницата и МВП на НБА финалето 2017, Кевин Дурент изјави дека и во случај претседателот на САД да го викне тимот на Голден Стејт на свеченост во знак на честитки за титулата, тој не би дошол.
Со ваква брзина и техника на 12 години, Леброн дефинитивно дома го има својот потенцијален наследник во НБА лигата, кој често се истакнува со атрактивни потези.
На 28 години, сосема зрели за професионален спортист, да земеш да се боксуваш на пријателски дуел и поради тоа да скршиш рака и да пропуштиш големо натпреварување треба стварно да си цреп. Кој знае колку се изнервирал селекторот која го гледал видеото.
По неколку години перипетии, Милош Теодосиќ синоќа ставил потпис на 2-годишен договор со ЛА Клиперс вреден 12,3 милиони долари и конечно ќе се проба во најдобрата светска лига. Што може да очекува?
На крајот од јуни 1992, пред точно 25 години, првиот официјален меч го одигра самата најфантастична екипа во историјата на тимските спортови. Таква репрезентација немало и тешко дека ќе има во блиска иднина.
Синоќа во Бруклин 30 НБА тимови бираа кошаркари во два круга од драфтот, а Филаделфија го избра првиот пик на драфтот Маркел Фелц кој важи за неверојатен плејмејкер.
Кога во сезоната 2013/2014 го избраа за најдобар играч во регуларниот дел на НБА и ја понесе наградата МВП, Кевин Дурент признанието ѝ го посвети на мајка му. Со неа ја славеше и првата освоена титула во кариерата.
Еден од најголемите тешкаши во историјата на НБА, центарот Бен Волас, The Beast From the East стана шампион со Детроит во 2004-та, а играше уште и за Вашингтон, Орландо, Чикаго и Кливленд. Ќе го паметиме по страшните забивања и ѕверски блокади.
На 14. јуни 1998-ма се играше Game 6, решавачкиот дуел во финалето на НБА меѓу Јута Џез и Чикаго Булс. Мајкл Џордан за последен пат го носеше дресот на Чикаго а тоа што го направи на 5.2 секунди до крајот, пред гостинска публика е најлегендарен момент во светската кошарка.
Го хејтаа, го напаѓаа зошто ја предаде Оклахома и отиде на готово да освои титула, но Дурент им докажа на сите дека е неверојатен кошаркар кој заслужено го освои прстенот и МВП наградата. „Ова е МВП и за момците од клупата, не е само мој“.