Veteran point guard

Како изгледа пак да заиграш во НБА после скоро 7 години

Плејмејкерот Џереми Парго неделава ги одигра своите први мечеви за Голден Стејт Вориорс - истрча 14 минути, постигна 6 поени против ЛА Лејкерс и одигра 9 минути со 4 поени против Мајами.

Неколку кошаркари на повеќекратниот шампион во НБА ги одиграа своите први натпревари сезонава - Д’Анџело Расел и Ендрју Вигинс, Глен Робинсон, Маркиз Крис, Ален Смајлагиќ и Хуан Тоскано Андерсон.

Но со Парго е необично тоа што во март ќе полни 34 години а скоро 7 години ниеднаш не заиграл во НБА. Последен пат имал минути во најдобрата светска лига во сезоната 2012-2013 кога настапил на 39 меча во дресовите на Кливленд Кавалирс, Мемфис Гризлис и Филаделфија 76’ерс. Во просек на вкупно 85 натпревари во НБА има по 4.7 поени и 1.8 асистенции.

Поточно 6 години, 10 месеци и 2 недели. Овој случај е трет најдолг во историјата на НБА. 

Интересно е што Парго е попознат во европската јавност затоа што по првиот престој во НБА (Мемфис, Кливленд, Филаделфија), тој играше за ЦСКА Москва, Макаби Тел Авив, па во кинескиот Жежанг, па во Венеција Местре, па повторно во Кина и Макаби Тел Авив.

Во 2019-та година тој играше за Санта Круз Вориорс во Г-лигата од каде дојде во Голден Стејт и потпиша 10-дневен договор.

Имаше и други подолги, како на пример отсуството на Мајкл Џордан кој за време на паузата меѓу Чикаго и Вашингтон не играше цели 3 години (1.234 дена).

Легендарниот Меџик Џонсон ја возобнови кариерата после 1.693 дена од последниот меч на финалето во 1991 година. Но овие две долги паузи без кошарка не се во Топ20 по должина. Технички најдолго не виделе паркет во НБА Фреди Луис (9 години - 3.498 дена) и Лери Џонс (8 години - 3.104 дена). Овие двајца не можеле да се пробијат до петорката на терен во средината на 60’ години кога имало 10 клуба и помал ростер.

12 февруари 2020 - 11:09