Омиленото Ол стар забивање на Џордан

Кралот на кошарката е двократен победник во забивање во 1987-ма и 1988-ма. Во интервју за Асошиејтед прес посветено на Ол старот, го прашаа кое му е број 1 забивање, а тој одговори она победничкото на Винс Картер пред точно 20 години.

„Најневеројатното забивање што сум го видел е она кога Винс Картер го закачи лактот на обрачот. За мене тоа беше без сомнение едноставно неверојатно“, рече Ем Џеј.

Погледнете ги реакциите на Шек, Џејсон Кид, Ајзеа Томас...откако видоа до каде отиде Картер со раката. Коментаторот повика тајм аут за да дојде на себе.

18 февруари 2020 - 09:18