Кошарка

Трипл-дабл на Кари, Голден Стејт страшен

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс го победија Кливленд Кавалирс со 132:113 и поведоа со 2-0 во серијата против бранителот на титулата во финалето на НБА за кој Леброн оствари осми трипл-дабл во финални дуели во кариерата.

Голден Стејт го прегази Кливленд за 1:0 во серијата

Предводени од Кевин Дурент и Стефон Кари, Вориорси лесно се справија со Леброн и Кливленд и славеа 113:91 во првиот натпревар од финалето на НБА.

Најдоброто од Леброн сезонава и низ годините

Неверојатниот Џејмс ноќта во четврток кон петок ќе го игра своето осмо финале во последните единаесет години. Апсолутната доминација во последната деценија сезонава ја надополни со нови неверојатни потези.

Кралот Џејмс - човекот со 8 финалиња во 11 години

Доминација како оние на Бостон во ’60-те и ’80-те, Шоутајмот на Лејкерс, Булс на Џордан и Сан Антонио Спарс на Грег Поповиќ, со тоа што Леброн Џејмс е првата индивидуална династија во НБА.

Турција издаде налог за апсење на НБА ѕвездата Енес Кантер

Откако го задржаа на романскиот аеродром каде констатирале дека пасошот му бил избришан од турските власти, Енес Картен сега се води како дел од терористичка група и за него е распишана потерница.

Спиеш ли мирно Блажевски Перо?

Уругваецот ја заврши сезоната со 49 гола на 49 натпревари па реши да фрли и некој баскет, чисто да се запише ама му тргна и се заборави.

Тројката на Леброн која го сруши рекордот на Џордан

Кливленд и Голден Стејт трета година по ред ќе играат во финалето на НБА, откако Кавалирс синоќа го совладаа Бостон во финалето на Истокот. Леброн Џејмс на почетокот од третиот период погоди тројка со која стигна до цифра од 5.995 поени во плејофот со која го надмина легендарниот Мајкл Џордан кој во плејоф кариерата даде 5.987.

Саатници за финалето во НБА по наше време

Кулминацијата во НБА дојде до точка на топење: Раководството на лигата ги соопшти датумите за финалните средби кои започнуваат од 1. јуни и во кои Стефон Кари и Дурент го чекаат подобриот од дуелот Кливленд - Бостон на Истокот.

Како запеа коментаторот на Спортклуб среде пренос

На три минути до крајот од големото финале на Евролига, Фенербахче имаше 18 поени предност што го натера хрватскиот коментатор на Спортклуб да го запее хитот на Џо Марачиќ - „Довидување и не плачи“.

Ердоган му се јави на Жељко Обрадовиќ во соблекувална

Најдобриот тренер во историјата на европската кошарка се закити со уште едно злато во Евролигата - вкупно деветта во кариерата. Во Истанбул веќе го доживуваат како боженство, му донесе на Фенербахче прва титула, па му се јави и претседателот на Турција и молк во соблекувалната.

Перо Антиќ го ишиша Датоме

Македонецот кој стигна до третата европска шампионска титула во кариерата, со претходен договор му ја исече пунџата на неверојатниот Џиџи Датоме, откако Фенер а и Италијанецот првпат ја освоија Евролигата синоќа со победа во финалето против Олимпијакос 80-64.

Омразата меѓу Ердоган и турската ѕвезда од НБА

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган му го суспендирал пасошот на кошаркарот на Оклахома Тандер којшто синоќа бил задржан на аеродром во Романија поради неважечки документи.

Најмотивирачки говор во сезоната за чудесна победа

Минатиот викенд меѓу себе играа екипа која најсериозно конкурира да влезе во елитната Бундеслига и екипа на која ѝ гори под нозе и е пред испаѓање. На крајот давителот Арминија Билефелд со 6:0 го прегази фаворитот Брауншвајг за најголемо изненадување на сезоната во Германија. А целата работа е по заслуга на тренерот Џеф Саибене.

Момент на денот во НБА

На првиот меч од финалето на Западот, Сан Антонио испушти предност од цели 25 поени и на крајот славеше Голден Стејт со 113:111. Стефон Кари одигра чудесно со 40 поени и седум скокови, а го имаше и моментот на мечот кога ја реши партијата на 9 секунди пред крајот.

Перо Антиќ сонува трета европска титула

Од 19. до 21. мај Антиќ пред домашната публика во Истанбул ќе се обиде по трет пат во кариерата да стане шампион на Европа и да влезе на вечната листа кошаркари со ваков успех. За тоа ќе треба да мине тежок пат.

Мали дојди малце да ти кажам нешто

Џејмс Харден - брадата ноќеска оствари трипл-дабл учинок од 33 поени, 10 асистенции и 10 скокови. Сè е тоа џабе кога Ману Џинобили на крај цврсто ќе реши Сан Антонио - Хјустон да биде 3:2. Оп, шлап, рампа и крај на мечот.

Дуда Ивковиќ: Дрим тимот на САД ќе капитулираше пред Југославија

Како што многу ни е криво што немавме можност да видиме како ќе поминеа Панчев, Савичевиќ, Просинечки и компанија на ЕП 1992 кои ги имаше во албумот на Панини, исто ни e и за Дивац, Кукоч и Дражен Петровиќ кои таа година ја испуштија Олимпијадата во Барселона. Ах каква збирштина од великани беа тоа.

Стеф Кари го извади Руди Гобер од патики

Вориорс ја победија Јута во првиот меч од полуфиналната серија на Истокот со 106:94, а Стефон Кари правеше шоу против високата бандера Руди Гобер.

Ајзеа Томас даде 53 поени и победата ја посвети на сестра му

На денот кога неговата загината сестра Кина требаше да наполни 23 години, Ајзеа Томас го зема баскетот и сам го победи Вашингтон откако реализираше 53 поени за 2:0 во плејофот.

После 17 часа пат поради газдата, ПАО стигна во Атина

Фенербахче на нашиот Антиќ со 3:0 го исчисти Панатинаикос во плејофот на Евролига, поради што фамозниот претседател на ПАО, Димитрис Јанакопулос ги откажал повратните авионски карти и им наложил на играчите да се вратат со автобус од Истанбул до Атина.

Најлудото слободно од прв обрач во НБА

Стивен Адамс и Расел Вестбрук смислија план како најбрзо да ја „стопат“ предноста од 4 поени на Хјустон. И глеј чудо, им успеа.

Кога дете заигра за Никол Ферт Гостивар со ветераните

Македонија сигурно е единствената земја во светот каде најмладиот рекордер кој дебитирал во првата Супер лига имал неполни 10 години и играл со ветерани кои во тој момент можеа да му бидат дедовци, не татковци.