Пред 19.596 свои навивачи облечени во златно-жолти маици, кошаркарите на Голден Стејт тешко го почнаа мечот. По првата четвртина, Њу Орлеанс имаше водство од 13 поени разлика, благодарение на Ентони Дејвис и Ерик Гордон.
Сепак Воините ја оправдаа фаворитската улога и убедливо ги добија втората и последната четвртина за конечен триумф од 97-87. Клеј Томпсон уфрли 26 поени, а Стеф Кари додаде 22 со шест асистенции. Одлична вечер имаше и Тајрик Еванс со 16 поени, 10 скокови и 7 асистенции за петти триумф на ГС против Пеликанс сезонава.
Ентони Дејвис одигра уште еден одличен натпревар, на кој запиша 26 поени и 10 скокови. Ерик Гордон постигна 23 поени. Серијата продолжува во четврток во Њу Орлеанс.
Кари со неверојатна асистенција до Богут:
Ерупција на Клеј Томпсон во последната четвртина:
Ели-ап од контра на Игудала:
Чикаго Булс - Милвоки 91:82 (2-0)
Голден Стејт - Њу Орлеанс 97:87 (2-0)