Страшна шутерска партија на Кевин Дурент за кој Србите немаа одговор

35 годишниот член на Феникс, никогаш до сега во кариерата не успеал да постигне 20 поени во едно полувреме со 100% од поле.

САД ја совлада Србија 110:84 во дерби пресметката на Олимписките игри во Париз.

Натпревар на кој избраниците на Пешиќ наметнаа убава тимска кошарка, која сепак не можеше да парира на моќта на дрим тимот предводен од Стив Кер.

На негатива од 10:2 на стартот, Американците возвратија со индивидуална игра, посебно од страна на џокерот Кевин Дурент.

Двократниот НБА шампион влезе од клупата, одигра 9 минути и 39 секунди во првото полувреме и постигна 21 поен, од вкупно 23 на цел натпревар.

Дурент не знаеше да промаши и беше играч број 1 со 5/5 од линијата за три поени и 3/3 за два. Статистика остварена во прво полувреме и енигма за српската одбрана.

Најголемата помош ја доби од Леброн Џејмс, уште еден ветеран кој одибра фантастично со 21 поен, 9 асистенции и 7 скока.

Кај Србите најдобар беше Никола Јокиќ со 20 поени, 8 асистенции и 5 скока, а Богдан Богдановиќ мечот го заврши со 14 поени.

Шутот на Дурент без утка.

28 јули 2024 - 19:49