Реал Мадрид го доби евролигашкото „Ел класико“ со Барса

Најтрофејниот европски кошаркарски колектив, Реал Мадрид на домашен терен во главниот град на Шпанија го совлада големиот ривал Барселона 96:91 во 27. коло од Евролигата и уште повеќе ја замрси ситуацијата на табелата.

Дербито Реал Мадрид - Барселона беше неизвесно од почеток до крај а во финишот при резултат 86-86 носен од домашните навивачи „кралскиот клуб“ се одлепи резултатски и на крајот заслужено славеше.

Марио Хезоња со 19 поени беше најефикасен, Аргентинецот Кампацо даде 18 поени а кај Барселона Пара беше прв стрелец со 20 поени.

На табелата е права „чорба“ затоа што речиси 15 екипи конкурираат за првите 10 места кои водат во следна фаза.

Во триумфот на Армани Милано синоќа над Монако 86:80, Ненад Димитријевиќ доби 12 минути на паркетот и постигна 4 поени со 4 асистенции и два скока. Најефиаксен кај миланезите беше Никола Миротиќ со 22 поени, 4 скока и две асистенции.

На останатите дуели синоќа: 

Црвена Звезда - Жалгирис 80:86
Емпорио Армани Милано - Монако 86:80
Макаби Тел Авив - Фенербахче 94:76
Париз - Баерн Минхен 93:88

Вечерва:

Анадолу Ефес - Алба Берлин
Виртус Болоња - Олимпијакос
Партизан - Басконија
АСВЕЛ - Панатинаикос

28 февруари 2025 - 10:27