Пречек каков што Атина не памети

По Александар Саша Везенков кој како најдобар играч, МВП на Евролига отиде во НБА па се врати во Олимпијакос, црвено-белите од Пиреја ангажираа уште едно страшно засилување за новата сезона. Во Олимпијакос дојде 31-годишниот Французин Еван Фурние после цели 10 години во НБА лигата каде играше за Денвер Нагетс, Орландо Меџик, Бостон Селтикс, Њујорк Никс и Детроит Пистонс.

Олимпијакос летово склопи страшен состав кој ќе треба повторно да се бори за титулата европски првак која минатата сезона ја освои нивниот најголем ривал Панатинаикос.

Покрај Фурние и Везенков, Олимпијакос летово ги доведе уште и Тајлер Дорси, Лука Вилдоса и Кинан Еванс.

5 септември 2024 - 12:56