Полека почнува мартовското лудило во колеџ во САД

Кошаркарските дуели во средните училиште и во универзитетската лига на САД се дијаметрално спротивни на досадната театарска атмосфера во НБА. На овие натпревари може да видите громогласно навивање како во Европа, со реквизите, тапани и песни. А победнички кош во последна секунда како оној на Нимари Барнет од универзитетот Мичиген против Рутгерс се слави еуфорично. Наскоро ќе почне таму во универзитетската кошарка таканареченото „мартовско лудило“ кога ќе има јаки дуели за титулата.

28 февруари 2025 - 13:37