Пеце Наумовски во интервју за basketball.mk вели дека пред 22 години имал можност да биде дел од најславниот НБА тим во тоа време, составен од триото Џордан, Пипен, Родман.
Тогаш имал само 28 години и му нуделе тројно помалку пари од тоа што го заработувал во Ефес Пилсен. Главната причина како што вели е тоа што сметал дека во таа конкуренција ќе има мала минутажа и дека ќе биде само просечен играч.
„Тоа беше 1996 година додека настапував за Ефес Пилсен и бев прогласен за најдобар играч во Европа според францускиот весник Л’Екип. Ивица Дукан, тогашен и сегашен скаут за Чикаго Булс за европските простори, мој пријател од времето кога играв во Југопластика, беше во Истанбул и ми понуди директен договор за настап за славната НБА франшиза.“
„Ми понудија 750.000 долари бруто, по сезона, од кои што подоцна се одбиваат даноците кои што во САД се многу високи. Не беше тоа минималец, затоа што најмалата плата тогаш беше околу 450.000 долари. Мојот прв одговор беше дека цената е многу мала, затоа што во Ефес заработував тројно повеќе со многу помали давачки. Одговорот од Дукан беше дека тоа е буџетот, Џордан ги „земал“ сите пари, а од она што останало можеле да ми понудат толку.
„Во тој момент Чикаго немаше вистински плејмејкер, таа позиција ја покриваа Кер, Пипен и Џордан. Тоа ме натера да кажам „прифаќам“, но под еден услов. Да играм 20 минути загарантирани по натпревар, кога сум физички подготвен.“
Целото интервју на Пеце можете да го прочитате тука.