Ново шоу и 18-ти трипл-дабл на Никола Јокиќ

Кошаркарите на Денвер Нагетс на гости го совладаа Орландо Меџик 113:100 а јунак на гостите беше Никола Јокиќ кој до фантастични бројки стигна уште пред крајот на третата четвртина а во четврта не влезе во игра.

Никола Јокиќ забележа 20 поени, 14 скока, 10 асистенции, три блокади, три украдени и две изгубени топки. Ова е негов 18. трипл-дабл учинок а Денвер ја запиша 26-та победа сезонава.

Српскиот кошаркар играше 30 минути а шут од игра му беше 7/9 за два и 6/7 слободни фрлања додека за три поени не шутираше ниту еднаш што е необична реткост.

Кристијан Браун постигна исто како Јокиќ 20 поени и имаше 11 скока, Џамал Мареј стигна до 19 поени а Мајкл Портер-Џуниор додаде 15 поени со плус шест скока.

Кај Орландо Меџик Вендер Картер беше најефикасен со 16 поени, 14 скока и пет асистенции, Ентони Блек броеше до 14 поени со пет асистенции а по 12 дадоа некогашниот кошаркар на Денвер Нагетс Кентавијус Колдвел-Поуп и Тристан да Силва.

Денвер Нагетс (26-16) следниот натпревар го игра против Филаделфија а Орландо кој има 23 победи и 21 пораз ќе игра против Торонто.

20 јануари 2025 - 09:49