Леброн Џејмс и Брони Џејмс ја испишаа историјата во НБА уште на претсезонските натпревари, нешто што само ќе се потврди наскоро во самата лига.
Леброн кој во декември ќе наполни 40 години и Брони кој има 20 години, заиграа заедно за прв пат на мечот кој Лос Анџелес Лејкерс го загуби од Феникс Санс со резултат 114:118.
Никогаш во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот, не се случило татко и син да играат во иста екипа.
Леброн се спрема да ја стартува својата 22-ра сезона, а Брони ќе дебитира во НБА како 55. пик на драфтот избран од Лејкерски, откако една сезона помина на Универзитетот Јужна Калифорнија.
„Ова беше нереално. Кога стоевме еден до друг и го погледнав, беше како да сум во Матрикс“, рече Леброн Џејмс по натпреварот.
За 16 минути игра Леброн Џејмс направил скор од 19 поени, 5 скока и 4 асистенции, а син му Брони не успеал да постигне ниту еден поен и за 13 минути игра имал само 2 скока.
Новата НБА сезона почнува на 22 октомври, а првиот меч на Лејкерси е против Минесота.
LeBron James. Bronny James.
— NBA (@NBA) October 7, 2024
The father-son duo share the court for the first time together! 👏 pic.twitter.com/93hC7k64gK
Lebron and Bronny James are officially the first father-son duo to play in a NBA game on the same team together. pic.twitter.com/riTKKOFJBB
— Lauren Jones (@LoJoMedia) October 7, 2024
Bronny was HYPED after this dunk from LeBron James 🔥pic.twitter.com/j1AovFoTo8
— ClutchPoints (@ClutchPoints) October 7, 2024