Четврти трипл-дабл по ред на Јокиќ кој изведе и аут со глава

Лидерот на Денвер Нагетс го запиша својот 18-ти трипл-дабл сезонава откако синоќа убедливо ја растурија Филаделфија 144:109.

Денвер Нагетс на тој начин ја забележа седмата победа на последните осум средби и сега има учинок од 27 триумфи и 16 порази.

Никола Јокиќ на паркетот беше 30 минути и постигна 27 поени (10/15 од игра, 2/3 за три и 5/5 слободни фрлања), имаше 13 скока и 10 асистенции, четири украдени топки и една блокада.

Јокиќ до толку се забавуваше на теренот што во еден момент изведе аут со глава:

Најголема поддршка Србинот доби од Џулијан Стротер со 23 поени, Кристијан Браун запиша 20 а Мајкл Портер Џуниор и Арон Гордон по 19 поени.

Кај гостите од Филаделфија кои шеста сезона по ред во Колорадо дојдоа без нивниот најдобар играч Жоел Ембид, најефикасен беше Тајриз Макси со 28 поени и 10 асистенции. Некогашниот кошаркар на Реал Мадрид Гершон Јабуселе имаше 22 поени.

22 јануари 2025 - 08:35