Во центарот на вниманието синоќа беше и Леброн Џејмс, кој со 27 поени во победата на Кливленд над Бостон 110:79 го престигна Реј Ален на 21. место на вечната листа на стрелци.
Леброн претходно имаше 24.481 поен, а во текот на сезоната ги престигна Роберт Периш, Чарлс Баркли и Алан Ајверсон. Во моментов пред него на 20. место е Патрик Јуниг со 24. 815 поени.
Со победата над Бостон, Кливленд стигна до 38. победа во сезоната 110:79. Покрај Леброн, се истакна уште и Кајри Ирвинг со 18 поени и пет асистенции. Кај Селтик, најефикасен беше Брендон Бас со 15 поени и пет скокови.
Атланта Хокс и Перо Антиќ во еден момент од средбата со Хјустон синоќа заостануваа 18 поени, но благодарение на Џеф Тиг и Ал Хорфорд стигнаа до неверојатниот 48. триумф сезонава.
Тиг го заврши натпреварот со 26 поени и шест асистенции, Хорфрод уфрли 18 поени и осум скокови, а одлична вечер имаше и Пол Милсап со 16 поени и 14 скокови. Перо Антиќ за нешто помалку од 13 минути на теренот, имаше три погодоци и по два скока и асистенции. Хјустон играше без казнетиот Харден, па Џејсон Тери беше прв стрелец со 21 поен.
И покрај тоа што играше без главните играчи, Дерик Роуз и Џими Батлер, Чикаго Булс успеа да слави во дербито на вечерта против Вашингтон Визардс 97:92. Најдобар во тимот на Чикаго беше Никола Миротиќ со 23 поени и осум скокови, Арон Брукс уфрли 22 со осум асистенции, а Шпанецот Гасол 20 поени и дури 10 скокови.
Во составот на Вашингтон, Џон Вол прв стрелец со 21 поен и 11 асистенции.
Резултати НБА:
Мемфис – Јута 82-93
Шарлот – ЛА лејкерс 104-103
Кливленд – Бостон 110-79
Њујорк – Сакраменто 86-104
Атланта – Хјустон 104-96
Чикаго – Вашингтон 97-92
Денвер – Милвоки 106-95