Кец у два

Наместен натпреварот од ЛШ: Ливерпул-Дебрецин

Откако денес Еуропол објави дека во Европа биле наместени 380 натпревари, а помеѓу нив и натпревари од Лигата на шампиони, медиумите шпекулираат дека еден од тие е и дуелот помеѓу Ливерпул и Дебрецин.

Цела Европа се растура од местење

Еуропол ги соопшти деталите од најголемата истрага за местење на натпревари во Европа. Идентификувани се 425 лица вмешани во местење, а под истрага се 380 натпревари. Помеѓу нив е и еден натпревар од Лигата на шампиони одигран во Англија.

Најлудите опклади за Супер Боул

Во понеделник рано наутро по наше време во Њу Орлеанс ќе се одигра Супер Боул, односно натпреварот кој со нетрпение го очекуваат сите фанови на американскиот фудбал, но и луѓето кои обожаваат да вложуваат пари на чудни опклади.

Тикет на колото

По изминатата успешна година во која ви ги предлагавме нашите типови, повторно ќе се обидеме да ви помогнеме како да стигнете до добивка во вашето омилено викенд хоби. Кладилничарскиот тикет за ова коло го започнуваме со следниве 5 натпревари.

Меч во Италија се купува за 600 илјади евра

На последното сослушување, србинот Алмир Гегиќ кој пред два месеци беше уапсен во Италија за местење натпреври, на слика го посочи човекот кој давал мито во износ од 600 илјади евра за еден натпревар.

Махер на колото

Добро е! Годината ни тргна со добивка. Првиот тикет кој ни пристигна во новата година е махерски. Нека се множат вакви, а помалку да ни испраќате малерски.

Кладилниците пред банкрот заради НФЛ

Оваа сезона на натпреварите од еден од најпопуларните спортови во САД, американската рагби НФЛ лига се случија многу малку изненадувања, па кладилниците од Лас Вегас ги претрпеа најголемите загуби во нивната историја од исплата на добивките на оние кои се кладеле на фаворитите.

Махер на колото

Годината ќе ја завршиме со еден махерски тикет со надеж дека во 2013-та година ќе ни праќате повеќе добитни, а помалку малерски ливчиња.

Најдобро платениот спортист е зависник од кладење

Боксерот Флојд Мејведер Јуниор е на врвот на листата на најплатени спортисти во светот, но тоа не му е пречка за тој редовно да уплаќа во кладилница. Само во 2012-та година според тикетите кои ги објавува на Твитер, тој ќарил 4,3 милиони долари.

Барселона сѐ уште фаворит во Лигата на шампиони

По извлекувањето на паровите за осминафиналето во Лигата на шампиони и кладилниците ги објавија новите коефициенти за освојувањето на титулата, а според нив, шансите дека Барселона ќе оваа година ќе биде шампион на Европа сега се уште поголеми.

Мажите не можат без резултати во живо

Дали некогаш понежната половина ви замерила што проверувате резултати во живо од спортски натпревари додека сте излезени со неа или па тоа сте го правеле и на вашата свадба? Добродојдовте во клубот.

Уапсени 11 бугарски фудбалери за местење

Бугарската полиција уапси 13 луѓе, од кои 11 се фудбалери. Уапсените се членови на Черноморец и градскиот ривал од Бургас, екипата на Нефтохимик под сомнение дека учествувале во местење на натпревари.

Кладилниците веќе ја прогласија Барса за шампион

До крајот на сезоната во Шпанија треба да се одиграат уште 23 кола, но интернет кладилницата Betfair им ги исплати добивките на оние кои имаа уплатено дека Барселона ќе биде шампион.