Не се случува многу често кладилниците да се жалат од големи загуби, но овој пат тие најверојатно изгубиле многу големи суми.
Проблемот за кладилниците е во тоа што оваа сезона фаворитите од НФЛ многу ретко губеа на нивните натпревари, па оние кои секое коло уплаќале по 20 долари за тикет со опклада на победите на сите фаворити, добивале и по 1.000 долари.
Освен на победи на фаворитите, луѓето најчесто уплаќаат и на "плус/минус" поени и тоа на опкладата за повеќе поени, а оваа сезона повеќето од натпреварите завршија токму со тој исход.
Како резултат на тоа, неколку кладилници од Лас Вегас објавија дека оваа сезона тие оствариле најголеми загуби во нивната историја. Рекордни загуби биле забележани во 9-то коло кога победиле 10 фаворити, а 7 од натпреварите завршиле со повеќе поени. Таа недела повеќето од кладилниците во Лас Вегас снемале кеш пари, па биле приморани да ги одложуваат исплатите.
„Знаеме дека денес луѓето имаат пристап до многу информации и кладењето им е многу олеснето во однос на тоа од пред 10 години, но вакви загуби до сега не сме претрпеле", изјавил менаџер на кладилница од Лас Вегас.
Заклучок: заборавете на Барса, Реал, Манчестер, Јувентус... и кладете се на фаворитите од НФЛ.