Сме гледале циркуси од Игита, од Кањизарес, од лудиот Молина, од најдобриот голман голгетер Рожерио Сени, од маскирниот Рушту Реџбер. Но ретко кој од нив беше циркусант како резервниот голман на Барселона Хозе Мануел Пинто.
Арсенал во последните години важи за најшарениот клуб кога во прашање се националноста и религијата на играчите. Пред неколку дена меѓу „Топџиите“ стигна и фудбалерот кој сака да купи куќа во село Маврово и секоја година доаѓа во Гостивар.
На 5. септември во Скадар, македонската фудбалска репрезентација ќе го отвори новиот квалификациски циклус, за пласман на Мундијалот во Русија. Селекторот Ангеловски не може да смета на Трајковски и Агим Ибраими. Пандев ќе игра.
На турнирот за играчи до 12 години во Јапонија (World Challenge Cup Tokyo), на кои настапија неколку светски екипи, во финалето се сретнаа Барселона и Омја Ардиџа. Децата на Барса победија, но на крај не славеа непприкладно туку покажаа што значи добро воспитување.
Фудбалскиот сојуз на Турција и трофејниот Галатасарај, под притисок на власта на Реџеп Тајип Ердоган биле принудени да го избришат најдобриот играч во историјата на оваа земја од сите официјални документи.
Конгоанецот Јаник Боласи е непредвидлив финтаџија. Нема смислено дриблинзи, туку прави што ќе му текне во моментот и затоа дефанзивците имаат мака со него. Боласи раскажува за роднинските односи меѓу Африканците каде секогаш некој не зборува со некого.
Мартин Мантовани е еден од многуте Јужноамериканци кои имале тешка судбина до конечниот триумф. Поминал низ сè и сешто за да заработи од фудбалот и тоа му се исплатеше. Синоќа ремизираше против клубот поради кој спиел со скитници на улица.
Од вкупно 24 екипи кои учествуваа во квалификации за Лигата на шампионите и Лига Европа, само еден клуб успеа да влезе во фазата по групи. Време ли е за Јадранска лига?
Најдобриот ирски напаѓач на сите времиња реши во среда против Оман да стави крај на 18-годишната репрезентативна кариера. Зелениот дрес го носеше секаде, а во Скопје го даде 50-от гол за Ирска.
Од 30 играчи во составот, Сасуоло има само четворица странци и 26 домашни играчи. Како Баскија во мало, италијанскиот клуб обезбеди историско учество групната фаза од Лига Европа.
Легендарниот бразилски бек при ждрепката за Лигата на шампионите прво извади едно од топчињата, па ја врати и извлече друга. Тоа ги збуни гледачите и водителот. Во тоа топче беше бугарскиот Лудогорец кој падна во група со ПСЖ, Арсенал и Базел.
Вечерва во Нион се извлече ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите. Во групната фаза ќе гледаме неколку мега дерби средби како тоа меѓу Атлетико - Баерн и Реал - Дормтунд.
Буцкото од Сардинја со жената и децата поминува само 56 дена во годината, затоа што на лице место сака да зборува со играчите, нивните жени, газдите на клубовите и тренерите. За трансферот на Недвед во Јувентус вели дека може да напише голема книга.
Таман ќе помислиш си дрибнал тројца, од позади те влечат четворица. Фудбалерите на Баерн Минхен, Чаби Алонсо и Артуро Видал едвај куртулија на мечот против 40 дечиња.
После поразот од Динамо Загреб (1:2) во продолженијата, австрискиот Салцбург деветти пат по ред испадна од квалификациите за Лига на шампионите. Германецот Крамер влезе четврти пат во ЛШ за 15 месеци.
Во својот престој во Јувентус, Конте често со бодликав стап знаел да ги опоменува играчите кои не трчаат на тренинзите. Од Челси сака да направи компактна екипа која ќе го игра најдобриот пресинг во Европа.
Најпознатата американска фудбалерка и долгогодишен капитен на оваа селекција, голманката Хоуп Соло е суспендирана на шест месеци поради навреда на противничките на Олимписките Игри во Рио.
Некогашниот италијански репрезентативец кој им ги кинеше живците на навивачите на Јувентус и Парма, во моментов игра за тимот Форт Лодердејл Страјкерс во САД. На мечот против Отава Фјури постигна фантастичен погодок, чисто колку да слушнеме каде игра.