Необична сторија стигна од Шкотска каде Карамоко Дембеле, 13-годишно момче од Брегот на Слоновата Коска дебитираше за вториот тим на Селтик. Дембеле влезе во 81’ минута (наместо најмладиот првотимец во историјата на Селтик, 16-годишниот Џек Ачистон) и ги одигра последните 9 минути во триумфот против Хартс (3-1).
Луиџи Дел Нери седнува на клупата на Удинезе и веќе во следното коло ќе се соочи во Јувентус кој го водеше пред пет сезони. Сезоната 2010/2011 беше за заборав бидејќи клубот заврши на седмо место и не избори пласман во Европа.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино не е задоволен со постоечкиот систем на натпреварување на Светските првенства со 32 селекции и според него треба да се прошири на 48 репрезентации од 2026. година.
Се сеќавате на неговите партии од Баерн Минхен. Во моментов има 42 години и игра за Палмеирас. И не само што игра и е капитен, туку е и најдобар играч на теренот. Против Санта Круз постигна еврогол.
Ако не го следите француското првенство, ќе ве изненади изгледот на табелата: После осум кола лидер не е ПСЖ, ниту Монако ниту Лион, туку Ница која што неодамна ја купи една група американско-кинески инвеститори. Лидери се благодарение на Балотели.
Во 1995. година белгискиот фудбалер Жан-Марк Босман одлучи пред Европскиот Суд за човекови права да ги тужи УЕФА, Белгиската фудбалска федерација и клубот Лиеж поради тоа што до тој момент играчите по завршување на договорот со клубот немале целосна слобода во изборот на новата средина, а клубот можел да ги обврзе да останат. Босман ги добива на Суд и од тогаш играчите имаат далеку повеќе права од клубовите, а менаџерите се тие кои тријат раце.
Од 20 до 24 години даде 24 гола, а од 30 до 34 постигна 144 гола. Епа како Гвардиола да не каже дека е еден од најдобрите играчи. Златан Ибрахимовиќ има освоено 11 првенствени титули со четири различни екипи и има постигнато вкупно 459 гола во кариерата.
Штом треба да те бараат на Гугл за да видат воопшто кој си, тоа е знак дека не си за во Премиер лига. Тоа му се случи на италијанскиот стратег со 30 години стаж како тренер, но без ќорав трофеј.
Сте гледале ли некогаш меч кај нас од трета или од некоја регионална лига? Да судиш таму натпревар треба да си: 1. Храбар 2. Луд и 3. Добар судија. Ништо поразлично не е ниту во Полска.
Швајцарскиот репрезентативец, Џердан Шаќири важи за еден од најниските фудбалери, ама во игра еден на еден знае да изненади со финта ала Ибрахимовиќ по која лекот е само фаул. Снимката е од мечот Манчестер Јунајтед - Стоук 1:1.
Викендов кикснаа Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Барса, Реал, Баерн Минхен, Наполи, но ако сте го имале на тикет Феенорд осум пати, немате утка бидејќи тие не знаат ни за пораз, ни за реми.
Сторијата околу празниот и мал стадион на Монако нè натера да прочепкаме кои се најголемите стадиони во секоја европска земја. Има стадиони со капацитет од 10.000 гледачи но има и храмови на фудбалот кои примаат над 70.000 гледачи.
Црни против Бели се екипите кои направија симулација на меч од елитното европско натпреварување. Излегоа од подрум, демек таму им се соблекувалните, се наредија, ја пуштија химната, обезбедија пренос со камера која ги снима сите еден по еден, во позадина се разбира знамето на ЛШ, а од околу комшии. Организација на ниво. Само имаат еден пропуст, не е 20:45.
Само 6 години треба да се вратат назад фановите на Милан за да сфатат што сè имаа во тим. Тогаш Ибра, Силва, Роналдињо, Пирло, Сидорф, Робињо, сега Поли, Палета, Кучка, Соса, Лападула...
Селта сензационално водеше со 3:0 против Барселона после 33. минути игра. Ретко кој ја понижил Барса така за кратко време. Но Каталонците во еден момент се вратија на 3:2 и сите мислеа дека ќе следува пресврт. Таман кога нападнаа за израмнување, германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген направи неверојатна глупост и мечот тука заврши.
Македонскиот напаѓач продолжува со одличните игри во Серија А. Нова мета на Илија Несторовски ова коло беше Сампдорија за трет гол во Италија и трет на гости кој го постигна во 60 минута од мечот. Одбраната на Палермо за жал попушти дури во 95-та минута за конечни 1:1.
Кога еден голман ќе одбрани 19 пенали од 41 меѓу кои и оние изведени од Меси, Кристијано Роналдо, Гризман, Диего Коста и Фалкао тоа значи дека се работи за најдобриот пеналџија на светот во моментов. Попладнево Валенсија загуби 0:2 од Атлетико Мадрид, но јунак на средбата беше Бразилскиот голман Диего Алвеш кој фати два пенали.
Познатата фристајлерка Лиса има засилување и тоа момак на нејзино ниво, ако не и појак. Кадарот им е во природа на многу фино место, а нивната задача се знае која е, да прават чудесии со топката.
Македонските фудбалски клубови не се единствени кои играат пред 100 луѓе и 12 гулаби. Еден од најбогатите француски клубови кој играше во финалето на Лигата на шампионите игра пред малку гледачи поради што често се слуша ехо „Моја!“ или „пази леѓа!“
Во четвртата француска лига се изведе пенал каков досега не сме виделе. Голманот Жан-Франсоа Беденик од клубот Ван три пати го спаси својот гол со неверојатна среќа.
Данецот беше дел од еден од најмладите состави на Арсенал. Немаше од кого да земе пример и со егоистичниот начин на живот ги тераше соиграчите, тренерите и газдите на клубовите да му ја покажуваат вратата. И со промашените шанси за гол секако.
Тренер на Њујорк Сити е Патрик Виера, а на Французинот му е лесно кога во тимот има генијалци како Пирло и Давид Виља. Синоќа победија на гостувањето против Хјустон Динамо и во моментов се први во Источната конференција на МЛС лигата.
Скоро никој да не памети кога капитенот на Манчестер и на Англија бил во послаба форма во кариерата. На Руни не му оди ама баш ништо. Грешно подава, центрира на трета статива без осет а нема волја ниту да ги брка противничките фудбалери. Поради тоа Златан покажа нервоза на мечот од ЛЕ против Зорја.
Холанѓанецот има одлични тактички замисли. Тоа го докажа веќе со младиот тим на Ајакс. На „Меаца“ има проблем со адаптацијата и суетите на големите ѕвезди, но фудбалскиот јазик е универзален, па така Де Бур на пример го извади најскапиот фудбалер на тимот во 27. минута зашто не го слушал.