Денес од Селта Виго соопштија дека италијанскиот напаѓач Џузепе Роси ги скинал предните вкрстени лигаменти и дека ќе отсуствува 6-7 месеци од теренот. Веќе ни самиот не знае по кој пат ја доживува истата повреда.
По пет последователни Скудета, а на повидок е и шесто, на фудбалерите на Јувентус им треба нов предизвик. Тој се вика Барселона во четвртфиналето од ЛШ. За таа цел клубот ги ангажираше Дибала, Сандро, Манџукиќ и Бонучи и направо одлично мотивирачко видео за кревање на андреналинот пред утрешната мега пресметка со пораката „Сега е време“.
Во пресрет на сега веќе епскиот дуел против ПСЖ каде направија чудесен пресврт, група фудбалери на Барса предводени од Суарез и Пике одат на средба со познатиот британски магионичар Динамо којшто на необичен начин ги мотивира како да веруваат во нешто нереално.
Со голот на мечот Каљари - Торино, Кванг-Сон Хан стана првиот фудбалер во историјата од Северна Кореја којшто дал гол во една од Топ 5 лигите во Европа и претставник на 35-та земја кој дал гол во Серија А.
10 април 2007-ма е историски ден за Манчестер Јунајтед и Рома, а нај најсеирџиски за навивачите Лацио. Првите ги исплескаа вториве како мали деца, а третиве и 10 години од тогаш се ситат.
На 10. април 1991 година, пред точно 26 години на Олимпискиот стадион во Минхен се играше полуфиналето на Купот на Европски шампиони. Баерн поведе преку Волфарт во 22. минута а Панчев во финишот на првиот дел израмни на 1-1 за да Савичевиќ во 70’ минута на Звезда ѝ донесе голем триумф пред реваншот на Маракана.
Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација наполни 55 години, а фудбалерот на Вардар, Горан Попов го грабна микрофонот и покажа како се слави роденден.
Еден од најопасните бекови на сите времиња денеска на тортата ќе треба да закачи две четворки. Тој што го имаше во тим имаше одличен дефанзивец играч кој истовремено поседуваше страшна брзина, дриблинг и топовски удар од сите позиции. Рој Хоџсон имал други планови со него или поточно скроз го зезна Интер.
Во репрезентацијата на Шпанија настапи смена на генерација, па во последните шест месеци навивачите видоа многу лица. Еден фудбалер посебно „го купи“ селекторот Хулен Лопетеги кој го промовираше во нов лидер на Фуријата.
Баерн Минхен викендов ја демолираше Борусија Дортмунд со 4:1, а потег број 1 на колото во Бундеслигата е начинот на кој искусниот Анчелоти го смири Рибери откако побара објаснување за тоа што го извадил.
Вардар со 3:1 го победи Пелистер во големото дерби откако даде три гола во првиот дел од мечот. Третиот гол на Тигран Барсегјан е погодок каков долго не сме виделе на домашните терени.
Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски дефинитивно е иднината на нашиот национален тим. На денешниот натпревар Лугано - Сион кој заврши 4:2, го постигна најбрзиот хет -трик во историјата на швајцарниот шампионат. 25 годишниот крилен играч роден во Прилеп стрелаше три пати во периодот од 17-та до 25-та минута за почетни 3:0 на мечот.
Ќе ве вратиме на средина од 90-те во Ла Лига кога исто како и сега Реал, Барса и Атлетико беа во центарот на вниманието. Кралевите тогаш го ангажираа еден од најдобрите италијански стратези кој го објаснува значењето на двете големи засилувања од Серија А кои потоа станаа легенди.
Стефан Савиќ не е од оние мрзливи Црногорци или ботови во одбрана. Првите 45 минути од мадридското дерби заврши без голови благодарение на неговата херојска интервенција, која слободно може да ја прогласат за најдобра во сезоната уште сега.
Во сезоната 1999/2000 од ЛШ кога се играше шпанско финале меѓу Реал и Валенсија, падна еден од најспектакуларните голови во историјата на ова натпреварување. Фиорентина и Барселона во групната фаза одиграа 3:3, а тие кои го паметат овој дуел нема шанси да не се сеќаваат на оваа лудорија на Мауро Бресан.
Со неговите дресови играат најсиромашните деца во Африка, за него Гвардиола кажа дека е најинтелегентниот фудбалер што некогаш го тренирал, а на неговата слободумност и поимање на демократскиот свет се поклонија и великаните на Баерн Минхен.
Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен имаа супер интересен и неизвесен двобој во четвртфиналето од ЛШ, сезона 2009/2010. На првиот дуел во Минхен тимот на Фергусон имаше 0:1 со голот на Руни уште од втора минута. Во 77-ма и 92-ра Рибери и Олиќ стрелаа за 2:1
Да видиш фудбалер висок „метро и жилет“ како се бори со крупните стопери делува комично. Но на Маурицио Сари и Дрис Мертенс ама баш ич не им делуваше комично, напротив направија експеримент од кој произлезе најдобрата лажна деветка која некогаш играла во Серија А.
Кога Чиро Имобиле доби топка од Милинковиќ Савиќ и излезе сам пред голман во напад трчаа двајца напаѓачи, едниот со топка кон гол, а другиот поради професионална деформација. Колку само симпатично изгледа ситуацијата, да ти дојде да му ја подадеш.
Да си фудбалер на Јувентус, клубот кој дава највисоки плати во Италија, да играш на три фронта, да тренираш по два пати дневно, да одиш често во карантин и уште да мислиш на учење, треба стварно да си цар. Џорџо Кјелини е таков.