Фудбал

Ракометните вештини на Сусо

Шпанецот Сусо е втор стрелец на Милан со 5 гола оваа сезона и една мала и симпатична Балотели жичка во карактерот.

Головите од Серија А со двајца доста кул коментатори

За само околу 5 минути ќе може да ги гледате сите голови од 20-то коло од Серија А со исклучок на последниот дуел Фиорентина - Јуве. Сето тоа во само едно видео кое ќе ви биде поинтересно за гледање поради коментаторите кои ја тераат на забава. Ќе го пофалат и нашиот Иле кој асистираше на мечот против Сасуоло.

Офсајд лик: Господинот 100 милиони евра

Еден од многуте твитови кои ја опишаа играта на Пол Погба против Ливерпул гласи вака: 5 пати. Погба го загуби човекот кој требаше да го чува на корнер 5 пати. Тоа би било срамота и за играч од Лига 2.

Очајна партија на Кристијано Роналдо

По 40 кола непобедливост заврши серијата на Реал Мадрид откако синоќа Севиља им направи пресврт во последните 7 минути од мечот. Една од причините за поразот е сигурно индиспонираноста на нивниот лидер која одлично може да се долови во ова видео. Еден куп погрешни и непродуктивни додавања, никакви дриблинзи и обиди за гол и голем број на загубени дуели.

Човекот на кој 12.684 дена му се обраќаат со претседателе

За Сантијаго Бернабеу си знаете. Тоа е стадионот на Реал Мадрид, крстен по еден од најважните луѓе во историјата на клубот кој од 1943-та до 1977-ма им беше претседател. Епа му го срушија рекордот.

Во што се состои ривалството меѓу Фиорентина и Јувентус

Разликите меѓу овие жестоки ривали најдобро се објаснуваат во разликите на нивните стадиони. Фиорентина и навивачите се поврзани емотивно со својот незаменлив стадион, а Јувентус почна да пишува нова историја која за пет години стана побогата од целата на Фиорентина.

Џабе дадовте гол ние сме Реал Мадрид, па ќе тепаме на крај

40 меча без пораз е најновата рекордна серија на Реал Мадрид кој го мина ривалот Барселона која лани имаше 39 и го стигна Нотингем Форест кој во 1978-ма врза 40 средби без пораз. Но она што дополнително го прави Реал Мадрид голем клуб е карактерот да не се откажува до крај.

Топовски слободен удар во Австралија

Димитри Петратос е Австралиец со грчко потекло кој дефинитивно има нога како онаа на Роналд Куман. Голманот направи одлична проценка што не се фрли. 

Футсал ножички на денот

Не е ниту Фалкао, ниту Рикардињо, туку Амар Ахмед кој ја почна акцијата и ја заврши во стилот на најдобрите двајца во овој спорт.

Роналдињо со писмо до малиот Роналдињо

Неколку НБА ѕвезди меѓу кои Коби Брајант и Кевин Гарнет си напишаа писмо сами на себе. Трендот го продолжи Роналдињо на кој освен нозете, одлично му работи и перото. Ова е неговиот фудбалски пат раскажан хронолошки со многу емоции и со две пораки: насмевка и слободно играње фудбал.

Фудбалска Македонија останува закована на 162. место

Дали човек да се смее, дали да плаче? Еден Свазиленд за кој требаат надчовечки напори да се најде на карта е далеку пред нас на фудбалската ранг листа на ФИФА.

Решавачкиот гол од Европско со 64 различни коментатори

Најважниот момент во фудбалот минатата година, голот на Едер во финалето на Европското првенство во Франција беше кулминација во кариерата на многу спортски коментатори. Еве како тоа звучеше на 64 канали. Приказната за Едер тука.

Нишанот на Меси е ист и на тренинг и во игра

2017-та за Лионел Меси почна совршено. За прв пат во својата кариера на три меча по ред постигнува гол од слободен удар и сега со 26 гола од слободен за Барса го израмни рекордот на Роналд Куман. Овој против Виљареал е скоро идентичен со тоа што го вежбал на тренинг. Мајсториште.

„Жозе, не сум ти јас Тито, ќе ти ја скинам главата“

Кога во 2004-та му откриле рак, Херман Бургос им рекол на лекарите кои закажале операција дали може да ја поместат за понеделник, затоа што за викендот мора да брани за саканиот Атлетико Мадрид. Во своето портфолио лудиот голман има и позната рок-група.

Видео од детството на Јоветиќ

Стефан Јоветиќ оди на 6 месечна позајмица од Интер во Севиља. Тоа е океј. Го прашуваат од каде знае шпански, а тој одговара од шпанските сапуници кои ги гледал како мал. Тоа не е океј. Новинарите му се смејат, а еден од нив кој ја објави веста за неговиот потпис закачи и видео кое едвај издржавме да го изгледаме.

Варди за омилениот предмет во школо, идолот од детството и клубот во срцето

Фудбалерот кој стана легенда на Лестер минатата година денеска полни 30 години и влегува во категорија на ветерани. Не сите фудбалери кои ги интересирало како деца само топка имале кецови по математика.

Каде леташ младичу

Сте гледале ли фудбал со џуџиња? Ние не и затоа не ни знаевме дека и таму имало вакви понижувања.

Единствениот хет-трик на Пандев во Серија А

11 јануари 2009-та сигурно му буди убави спомени на нашиот најдобар фудбалер бидејќи тоа беше денот кога го постигна првиот и последен хет-трик во италијанското фудбалско првенство. Следниот го постигна за Галатасарај во Куп натпревар.

Партизан исфрлен од Европа?

Европската фудбалска унија УЕФА веројатно драстично ќе го казни белградски Партизан поради неплатени долгови и ќе му забрани да игра во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Како касапите го чувале Марадона

Диего Марадона важи за еден од најфаулираните фудбалери во историјата и тоа во време кога степенот на заштита на играчите не бил како денес. Малиот Диего ѕверски го фаулирале по 28 пати на натпревар а најголем крвник му бил Џентиле од Италија.

Зошто треба да се бојкотира СП Катар 2022

За сите кои не можат да сфатат зошто е контроверзен изборот Светското првенство во фудбал во 2022-ра да биде во нефудбалската земја Катар, некој се обидел и да им нацрта. Една е од пораките на оние кои се противат на веќе договорениот зимски Мундијал, е дека не е нормално да гинат илјадници луѓе кои заминале да заработат за леб за да се исполнат амбициите на други луѓе кои спијат на пари.