27 април 2011-та, Ел Класико, полуфинале ЛШ на Бернабеу. Меси проигрува со Бускетс, a овој му ја остава во стил прај што ќе правиш знам дека си најјак. Следува слалом за сите пари каде и Јеро да им беше во одбрана, џабе.
Лионел Меси не може глава да крене од честитки по Ел Класико. За голот број 500 прво му честитаа колегите, а сега и децата од 16-те Ескола кампови на Барселона распрскани низ светот. Некои од нив смислија и кореографија.
Пеналите во корист на Јувентус во она старо време на газда Ањели и Моџи секогаш беа жешка тема за дебатирање во најубавите денови на Серија А. Еден незаборавен и контроверзен натпревар се одигра на денешен ден пред точно 19 години. Роналдо не доби пенал за разлика од Дел Пјеро, а Морати го напушти порано Деле Алпи.
До 12 години играл фудбал по плажите во Рио но немал намера да стане фудбалер. Повеќе сакал да тргне по стапките на татко му кој бил пожарникар, но со тоа не се сложил дедо му кој го насочил на прав пат.
Колку пати сте виделе ситуација кога топката случајно ќе удри во судијата и ќе го смени правецот на акцијата? Се случува чат пат, ама ако го имате овој судија-гимнастичар од САД кој по физичко секогаш имал петка, тоа дефинитивно нема да се случува. Ова треба да го вежбаат оние кои судат бокс.
Да заиграш во Премиер лига и во Серија А и да ги лажеш твоите дома дека те киднапирале во Тајланд за да им земеш пари треба стварно да си глуп. Епа таков е Нсереко и затоа сега игра во Литванија.
Сè што треба да знаете за најшарлатанскиот гол на Јунајтед го имате во ова видео. Се работи за дуел од 91-ва одигран против Шефилд Јунајтед. На снимката го има и Гигс, а овие во одбрана не знаат кај тераат. Да не паднеше голов ќе требаше да го измислат.
Лидерот во Боливија, тимот на Боливар едвај ги одбиваше нападите на Сан Хозе во финишот, при резултат 2:1, па голманот Дитуро реши да стави крај на мечот.
Шпанецот со српско потекло кој е позајмен од Стоук во Мајнц, викендов му даде гол на Баерн Минхен и стана само седмиот фудбалер во историјата кој постигнувал голови во најдобрите 4 европски лиги. Кои се останатите?
Сте слушнале ли за екипата на Профондевил? 100% немате чуено бидејќи се дел од аматерска лига во Белгија, ама што учинок држат не се ни за таму. Овие или собираат играчи кого стигнат од улица или немаат голман, трето нема.
Кога првпат дошол во Лестер, сакал на тренинг да тргне пешки, но му кажале дека не доликува на Премиерлигашки фудбалер да оди пешки затоа што ќе го тормозат по улица. Во Кан додека сите возеле бесни Ферарија, Нголо Канте возел веспа. Денес е најдобар играч во Англија.
Од резервен голман кој немал пари за асален саат, Рамон Родригез Мончи стана еден од најбараните спортски директори во светот кој на Севиља и донесе 9 трофеи. За влакно не ја послуша жена му да си заминат од Севиља, одлука по која можеби немаше да биде тоа што е денеска.
Некои автоголови едноставно не се повторуваат. Англичаните денеска се сеќаваат на Џејми Полок кој пред точно 19 години буквално си го закопа. Сè е тука одлично фудбалски изработено, само проблемот е што голманот не е едно два корака поназад.
Фудбалскиот џентлмен и татко на стилот и играта на Барселона и Ајакс денеска требаше да наполни 70 години. Неговиот животен опус секогаш поврзан со фудбалот, толку е богат и по неговото пензионирање, што архивата нема да има застој за него.
Изгледаше на загубена топка која одеше во аут, но од тоа се изроди одлично смислено подавање на прва и на крај атрактивна завршница. Голот треба да му се препише на дечкото кој го спаси аутот. Клавајте го на најавна шпица.
Малиот сезонава е хит не само во Франција, туку и во Лигата на шампионите каде има 5 постигнати голови само сезонава, за разлика од еден Бејл кој има 4 во последните три сезони. Пазете го ова интелигентно и маратонско движење на 18 годишниот фудбалер на Монако.
Палермо, каде играат нашите Илија и Александар не само што е готов за испаѓање, туку е и тим врз кој сезонава двајца напаѓачи од Торино и Лацио се вежбаа кој е побрз и успеаа да срушат еден рекорд на Шевченко.
Дека работата воопшто не е наивна да стигнеш до 500 гола во кариерата за еден ист клуб, доказ плус е вниманието на поранешните и актуелни колеги на Меси кои му испратија искрени пораки за јубилејот кој ретко се случува во фудбалот.
Кога ќе видите дека Кристијано Роналдо имал помалку успешни додавања од голманот на Барселона, а Рамос го завршил мечот со 0 интервенции, тогаш јасно е зошто заврши серијата на Реал Мадрид од 22 меча без пораз на Бернабеу.
Лионел Меси веќе 10 години е главен таргет на статистичарите кои постојано му вадат фасцинантни бројки поврзани со неговата кариера. Ова што тој го прави, сигурно ќе важи за модел во фудбалот во наредни 100 години.
Јувентус одржа лесен тренинг против Џенова во неделниот термин од 20:45 и по првиот дел имаше предност од 3:0. Тоа е доволна причина да му се дозволи на некој од дефанзивците да видат како е да се игра во напад. Бонучи се обиде.