Нова прес конференција со Јирген Клоп и нови бурлески, стандарно со преведувачката на која ѝ помогна на свој начин и со еден од новинарите кој постави непотребно и глупаво прашање.
Минатиот викенд Фенербахче го пречека Бешикташ а на мечот имаше: 12 жолти и 5 црвени картони, 3 гола (Фенер победи 2-1 со два пенала) и еден куп прекини.
Неговата Аргентина на 5. и 10. октомври ја очекуваат клучните два натпревари за пласман на Светското првенство 2018 против Перу дома и Еквадор на гости. На тие дуели Меси ќе се обиде да повтори нешто од овие потези.
Со двата гола на Дани Себалос фудбалерите на Реал Мадрид славеа 1:2 на гостувањето против Алавес, а шпанските аналитичари открија дека во акцијата на едниот гол Асинсио пред да ја направи асистенцијата бил во офсајд.
Иако на прва изгледаше дека ќе се сплетка бидејќи топката лошо му тапна, сепак за капитенот на Палермо нема загубена топка во шеснаесетник. Гол број 3 за македонскиот репрезентативец во Серија Б, за 1:1 против Про Верчели во 25 минута, а потоа и гол број 4 во 51-ва минута за пресврт и триумф од 2:1.
Денеска е релативно тешко да се најде Англичанец во Премиерлигашите кога скролате по нивниот состав за време на мечот. Премиер лигата стана своевиден географски атлас со играчи од сите страни на светот. Цели 18 години немало меч само со Англичани во составот.
Алесандро Костакурта држеше одбрана во Милан до 40 години, голманот на Лацио Марко Балота стана највозрасен играч во ЛШ со 43 години, а Јапонецот Казујоши Миура даде гол на 50 години. Ништо не се тие.
До сега гледавме како Легија Варшава ги слави победите во соблекувална, а сега имаме пример и како се слави против нив. Јагелонија успеа да го совлада 12 кратниот првак на Полска со гол во 87-ма минута и потоа херојот на мечот, Литванецот Федор Ивановиќ Черних беше главен во соблекувална.
Во поразот на Џирона од Барселона 0-3, домашниот фудбалер Пабло Мафео добил стриктна задача да го чува Лионел Меси на начинот „фластер“ како што викаат тренерите. Ама тој ептен буквално го сфатил тоа.
На кратко, беше фраерски. Екипата ја тренираше Стјуарт Пирс а во составот имаше играчи како Џои Бартон, Дариус Васел, бруталниот Дени Милс, Дитмар Хаман, Георгиос Самарас, Бернардо Коради...
Сите работи кои можат да се случат за да настане карамбол пред еден гол, еве ги во Словенија на мечот Цеље - Олимпија кој заврши 0:0. Имаше луда одбрана, мајагери, боксување и пречка.
Горан Пандев доби шанса во последните 15 минути од неделната средба меѓу Интер и Џенова која заврши 1:0, а домашните навивачи го скандираа неговото име кое беше дел од историската сезона 2009/2010 со Мурињо, кога клубот стигна до тројната круна. Пандев освои вкупно 6 трофеи со Интер, а потоа направи трансфер во Наполи. Убав гест на навивачите.
Во Литванија падна гол во најгорниот можен ќош од аголот кој не го брани ни Буфон, ни Донарума, ни било кое друго голманиште. Мапемба од Струмбас извади необично оружје од таа позиција кое вреди да се види.
Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски ја начна мрежата во унгарското првенство. Ференцварош славеше 2:0 против Диосѓер, а тој го постигна вториот погодок на средбата. Спировски го напушти Вардар по двомечот со Фенербахче во плејофот од Лига Европа.
Снајперските удари на Енис Барди кој стана хит во Шпанија не се само дарба. На јутјуб се појави видео на кое се гледа како македонскиот репрезентативец тренирал слободни удари на мали голчиња. Ете што значи напорна работа. За сега во дресот на Леванте има постигнато вкупно 5.
Кога по пет одиграни кола триото Бензема-Бејл-Роналдо на конто има вкупно 3 гола пред своја публика, тогаш навистина нешто не фунционира во тимот. Од тренерот до лидерот, сите треба да поработат на подобрување на играта, бидејќи Реал Мадрид во моментов не личи на Европски шампион.
Кога во елиминациски двомеч на првата ќе загубиш 3:0, тоа не е невозможна мисија за враќање. Барем не за Ривер Плејт кој во четвртфиналето од Копа Либертадорес се соочи со таков убедлив пораз од Вилстерман. На реваншот на првакот на Боливија му се случи резил кој во превод значи 8:0. Пет комада им збрца Игнасио Скоко кој од 9-та до 19-та минута постигна хет-трик.
Кога Леванте добива слободен удар, навивачите ги местат телефоните за снимање. По само пет минати кола во Ла Лига, Барди дочека публиката на Сиутат де Валенсија да грми како хор извикувајќи го неговото име. Неговата мајсторија од два навивачки агли.
Шпанските медиуми не штедат зборови за нашата гордост Енис Барди и пред и по синоќешниот дуел со Реал Сосиедад, а ние не паметиме ваков старт на македонски фудбалер во некоја од најсилните европски лиги. Само Ѕаѕа, Гомез и Меси имаат повеќе голови од него во Ла Лига.
На голманите во Шпанија веќе е и нормално да им се тресат нозете кога играат против Леванте, а на слободен удар се мести Енис Барди. Гол број 3 за македонскиот репрезентативец во Ла Лига и вкупно петти од слободен со се пријателските. Еден од колегите не сакаше да му дозволи да шутира. Чуму? Па најдобар е во тоа.
Сè започнало со интервјуто на ултра-талентираниот млад тренер на Хофенхајм, Јулиан Нагелсман којшто му раскажал на репортерот на Eurosport повеќе отколку што треба.
Статистиката покажува дека Лионел Меси ги има најефикасните први пет кола откако игра фудбал во шпанското првенство. Замислете во моментов има постигнато 9 гола, исто колку цел тим на Реал Мадрид.