Фудбал

Тоти не го мина курсот за тренери, многу бегал од часови

Легендарната 10-ка на Рома која минатата сезона се прости од играње фудбал се обидува да влезе во тренерски води, ама првиот обид му е неуспешен.

Тренерот на Џовинко во ултрас фазон

Екипата на Торонто ја освои Источната конференција во МЛС лигата и втора година по ред во финале ќе се пресмета со Сиетл од кого загуби лани. Себастијан Џовинко им е прв стрелец со 16 гола, а тренерот Грег Вани им е најјак навивач и спремен за водач. Кој знае што ќе прави ако слават во финале.

Екстаза во Јужна Америка, Гремио шампион во Копа Либертадорес

По цели 22 години бразилскиот клуб Гремио ја освои Копа Либертадорес откако по 1-0 во Порто Алегре, синоќа и во реваншот го совлада Ланус од Аргентина.

Михајловиќ го пушти голманот да шутира слободен удар

На 20 годишниот Вања Милинковиќ Савиќ, инаку помал брат на Сергеј од Лацио, му фаќа акалот за слободни удари. Тоа го тврди неговиот тренер кој беше мајстор од прекини, а тоа го докажува и видеово.

Смешната одбрана на Чех против Хадерсфилд

Арсенал го демолираше Хадерсфилд со 5-0, на мечот имаше ревија убави голови, акции и шанси, ама момент на мечот беше одбраната на Петр Чех ко на одбојка на плажа.

Руни даде гол од крајот на светот

Англискиот бомбардер и најдобар стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед, синоќа го запиша својот прв хет-трик за Евертон. Од трите гола против Вест Хем има еден посебен за издвојување. Ма каков Бекам, погледнете го ова.

Се крчка ново Светско клупско првенство со 24 екипи

Светската куќа на фудбалот планира целосно да го менува форматот на мундијалскиот клупски фудбал кој не би се играл секоја година, туку на секои четири. Ако ова се оствари, тоа значи дека ќе имаме уште едно возбудливо фудбалско лето плус.

Голман во Северна Ирска дебитирал на 14 години

Ако си доволно добар, тогаш си и доволно голем е една од честите фрази во спортскиот речник која што ирскиот прволигаш Глеванон ФЦ ја земал здраво за готово.

Му ја навредуваа жената, па им спакува гол

Навивачите на Тотенхем ги бие глас дека се склони на проблеми, а синоќа на гостувањето кај Лестер во еден момент скандираа "She's getting fucked in the jungle" алудирајќи на сопругата на Џејми Варди, Ребека (35) која што учествува во едно реално шоу In The Jungle. Секунди потоа Варди го отвори резултатот кој на крај гласеше 2:1 за домаќинот.

За напаѓач од 85 милиони евра ова е срамно промашување

Со 7 гола на првите 7 меча во Премиер лигата, Ромелу Лукаку имаше одличен старт за Манчестер Јунајтед, арно ама на последните 7 средби им дадено само еден, а тоа кај Англичаните не проаѓа без жестоки критики и барања да го седнат на клупа. Истото му го прават и на Алиоски.

Сити не го заборави 21-годишниот Косовар кој заврши кариера

За да не се повтори трагедијата на унгарскиот талент од Бенфика или Камерунецот кој играше за „Граѓаните“, лекарите го предупредиле малиот Синан од Призрен да ја прекине фудбалската кариера иако талентот го одведе во гигантот Манчестер Сити.

„Мојата диплома е дресот во кој дадов четири гола во Лига на шамиони“

Најпријатното изненадување во европскиот фудбал последниве месеци е тренерот на Лацио, помладиот од браќата Инзаги којшто прави чуда со Римјаните.

Првиот подарок за Гатузо како тренер на Милан е чекан

Le Iene е емисија број 1 во Италија за правеше будалаштини. Беа на гости кај новиот тренер на Милан и му подарија: чекан (за да ги тепа играчите ако не слушаа), двоглед (затоа што долга била сезоната) и јакна (затоа што се фатил за работа во сред зима). 

Ако се прашувате зошто Тотенхем даде еден гол помалку од Лестер

И според табела и според квалитет и според коефициент, Тотенхем синоќа беше фаворит на гостувањето против Лестер, ама кога Кејн, Ериксен, Деле Али и компанија редат вакви утки во шеснаесетник, тогаш нека не ве чуди поразот од 2:1.

Сега ќе ви каже чичо и со десна и со лева

Сканторп Јунајтед не е некое звучно име на екипа која ве тангира во животот, освен ако ги играте на спортска Англичаните од трета лига. Мора да им го видите мајсторот во екипата. Се вика Џош Морис и го реши Чарлтон со два гола за три минути. И да, не му прави разлика со која нога бие.

На вечното дерби во Босна ја фарбале топката за да се познава на снег

Градското дерби е мелем за навивачите ширум светот. Во БиХ Жељезничар и Сараево е дуел како Рома - Лацио, Бока - Ривер или Галатасарај - Фенербахче. Но има и комични моменти, како минатиот викенд.

Тренерот кој пази дури и на омекнувачот за перење во машина

На крајот од октомври излезе книгата на најпознатиот светски спортски новинар Гилјем Балаге со наслов „Brave New World: Inside Pochettino's Spurs"- поточно, дневник на Маурисио Почетино во сезоната 2016/2017.

Стариот добар Герет Бејл

Герет Бејл го нема нешто во последно време. Едната вистина е дека е повреден, а другата е дека пред да се повреди не блескаше нешто посебно во Реал. На денешен ден пред точно 5 години, одигра меч против Ливерпул за паметење: Асистенција, голчиште од слободен и автогол кој многу боли за конечни 2:1 за Тотенхем.

Нека му ја мислат играчите на Милан

Монтела доби отказ, а на негово место тренер на Милан стана вечниот борец Џенаро Гатузо кој во една прилика изјави: „Во болница ќе одам само кога ќе ми ја исечат главата, за конци сам ќе се снајдам“. Ако Винченцо беше толерантен и фин, ништо чудно Рино да дели шамари ако не играат како треба.

Сите на шалтер, ќе има исплата и за тие што типувале на Барса

Не престануваат реакциите за големиот скандал кој се случи на мечот меѓу Валенсија и Барселона, особено затоа што поништениот гол можеше да биде клучен за три бода на Каталонскиот тим. Една кладилница во Англија реши да биде фер спрема сите.

Драматична завршница на борбата за титула во Грузија

Откако БАТЕ Борисов ја освои титулата со гол во 95-та минута, уште подраматичен финиш се случи и во Грузија каде Торпедо Кутаиси стана шампион на неверојатен начин.

Како ли да ви го објасниме голов?

Кристијан Бек од германскиот третолигаш Магдебург постигна гол за кој и тој самиот не знае како да го објасни. Ми ја нафрлија, ја дадов, тоа е тоа. Голманот до толку се збуни, што не се ни фрли по топката.

Поддршка за Јане од Пандев, Фиго, Пирес и Нуно Гомеш

Приказната за 9 годишниот Јане Велковски од Скопје до толку е уникатна и полна со пораки, што стигна и до врвни светски фудбалски имиња кои го поздравија храброто момче преку социјалните мрежи.

Маицата која мора да ја има секој навивач на Шалке

25 ноември 2017-та ќе остане историски датум во германскиот фудбал, пред сè за браќата на Комитите кои најдоа начин како да го одбележат. Што е уште поинтересно за тоа се погрижи самиот клуб, а не навивачите.