Со звуците на химните на Италија и Македонија, а потоа и на Јувентус, најтрофејниот италијански клуб го отвори првиот камп во Македонија. 100 деца ќе имаат привилегија да учат како се игра фудбал од светскиот гигант.
Влатко Петровски, фудбалерот на Илинден е стрелец на еден од најубавите голови сезонава во македонскиот фудбал. На мечот од третата лига против ФК Петровец, домашниот фудбалер постигна гол од корнер.
Насмеаните лица, коктели и многу фоторепортери на големата свеченост по повод преименувањето на аеродромот во родниот град на Роналдо не го најавувале пеколот низ кој поминал „вајарот“.
Капа доле за кариерите на Пеле, Марадона, Ди Стефано, Пушкаш, Кројф, Еузебио, Герд Милер, Малдини, Меси, Роналдо, Зидан, Роналдо и компанија. Сите вие сте кралеви на фудбалот, ама не можете да се носите со Дани Алвеш, барем во еден параметар.
Атлетико Мадрид славеше 1:0 на мечот со Депортиво Ла Коруња, а најголемата заслуга за тоа што мечот можеше многу лесто да заврши реми, оди кај Лукас Фернандез кој велат дека трчал со 34 км на час.
Пелистер и Вардар одиграа меч за заборав и тоа е далеку од големо дерби како што беше порано. Досадата од фудбал која заврши 0:0 на крајот ја разби еден навивач кој го доби дуелот еден на два.
Од 36 годишен напаѓач по некоја логика не треба да се оди со преголеми очекувања дека може допрва да прави големи работи, ама ако тој се вика Златан Ибрахимовиќ тоа не важи.
Галатасарај го совлада Трабзонспор со 2:1, а гостите го ублажија поразот со голот на сезоната во турското првенство. Поранешниот фудбалер на Милан Јуреј Кучка изведе слободен удар од паркинг како да е најнормална работа, а Муслера се испостави дека не е спремен за вакви шокови во судиско продолжение.
Бекот на Вокинг, Џо Џонс стана анти-херој на сезоната во англиската петта дивизија. При резултат 2-2 против Маклесфилд, во 94’ минута топката отиде кон празниот гол и Џонс се помири дека влегла, ама...
Реал Сосиедад на времето не изгубил 38 меча во Ла Лига: 6 во сезоната 1978/1979 и дури 32 меча во сезоната 1979/1980 кога забележал 20 победи и 16 нерешени. Страшната серија им завршила на „Рамон Санчез Писхуан“. На 11 мај 1980 година Севиља го победила Сосиедад со 2-1.
Леонардо после седум години во дресот на Јуве синоќа даде гол против поранешниот тим и тоа во улога на капитен на Милан. Во 27’ минута од мечот Бонучи го израмни резултатот на 1-1 и ја прекина рекордната серија на Јувентус и на Џиџи Буфон без примен гол.
Легендарниот играч на Милан кој една деценија настапуваше на Сан Сиро има здрвено многу голчишта од далеку, ама овој топ што го испука во дресот на Реал Мадрид против Атлетико од скоро пола беше нереален и за Роберто Карлос. Среќен 42-ри роденден за единствениот играч кој има освоено ЛШ со три различни клубови: Ајакс, Реал и Милан.
Лос Анџелес е во целосен транс со првиот настап на Златан. Дојде, потпиша, влезе во игра во второ полувреме и го реши градското дерби на маестрален начин.
Не е непознато и кај нас на избори под имињата на кандидатите да се допишуваат Мики Маус, Чак Норис или Спајдермен, но во Египет народот непосредно покажал во кого има голема доверба.
Италијанските медиуми стално се оптоваруваат со работата на судиите и секоја сезона објавуваат табели тргајќи ги настрана оние апла судиски утки кои влијаат на конечните резултати. Јуве и Наполи и во таква ситуација би останале во борба за титулата.
Со пет победи по ред во Серија А, Џенаро Гатузо го освежи Милан и го приближи до местото кое води во Лига на шампиони. Од управата најавија дека ќе му го продолжат договорот, а на пресот пред мега-дербито со Јувентус, новинарите по којзнае кој пат го закачаа за договорот па му пукна филм.
На 4 јануари 2010-та година Горан Пандев потпиша договор со Интер за годишна плата од 3 милиони евра. Поради силната конкуренција не верувал дека ќе добие толкава минутажа, но кога ќе вети Жозе ветено е.
Албанскиот прволигаш во следните 10 години Лига на шампиони и Лига Европа ќе може да гледа само на телевизија. Толку изнесува суспензијата која ја доби од Европската куќа на фудбалот. Не наместиле многу мечеви, само 53.
Откако Џенаро Гатузо стана тренер на Милан со несвојствена плата од 10.000 евра месечно, само Јувентус и Наполи освоија повеќе бодови од него во Серија А. Новиот спој на играчи со кои Монтела не успеа да ги спои коцките и се мачеше на средина на табела, Рино го избутка до финале во Куп, а во игра е и за место во ЛШ каде заостанува -5 бода зад четвртата позиција. Што е најважно, човекот со својот темперамент внесе некоја енергија и победнички менталитет.
Сме објавиле секакви неочекувани автоголови меѓу кои кои преовладуваат дефанзивци со разно разни несмасни реакции. Ама што се случи во Етиопија се коси со секоја логика. Што е најтрагаично со потегов им поклони 3 бода.