Роналдо Јуниор има нешто на татко му

На пријателскиот дуел Португалија - Алжир 3:0, Кристијано Роналдо не беше меѓу стрелците, ама затоа тука беше син му кој по завршувањето на средбата имаше што да покаже. Ножичките не му успеаа, ама затоа фантастично го изимитира татко му со сув лист, удар кој за жал камерата не го ловеше до крај за да видиме каде заврши, а потоа ја плесна во агол за воодушевување меѓу публиката.

8 јуни 2018 - 08:54