Германската фудбалска федерација годишно го плаќа селекторот Јоги Лев цели 3,8 милиони евра. Некогашниот тренер на Штутгарт, на „панцирите“ им донесе злато од Мундијалот 2014 во Бразил, бронза од Светското 2010 во Јужна Африка, злато на Купот на Конфедерации 2017 и сребро од Европско 2008. Лев е селектор на Германија цели 12 години.
Втор по заработка, веднаш по Јоаким Лев се францускиот селектор Дидие Дешам и бразискиот Тите кои имаат годишни примања во износ од 3,6 милиони евра. Во Топ 5 се и шпанскиот селектор Јулен Лопетеги со 2,9 милиони евра и Русинот Станислав Черчесов со 2,5 милиони.
Хорхе Сампаоли кои ќе се обиде со Меси, Агуеро, Ди Марија и Игуаин да го освои толку посакуваното злато, заработува 1,8 милиони евра годишно.
Најмалку заработуваат Алиу Сисе, предводникот на Сенегал со 200.000 евра годишно, Полјакот Адам Навалка 270.000 евра годишно, српскиот селектор Младен Крстајиќ 300.000 евра и Набил Малул (Тунис) и Оскар Рамирез (Костарика) кои земаат по 350.000 евра за 12 месеци работа.
Платите на селекторите на Светско првенство 2018:
1. Јоаким Лев (Германија) – 3.8 милиони евра
2. Дидие Дешам (Франција), Тите (Бразил) – 3.6
4. Јулин Лопетеги (Шпанија) – 2.9
5. Станислав Черчесов (Русија) – 2.5
6. Фернандо Сантош (Португалија) – 2.2
7. Гарет Саутгејт (Англија) – 1.9
7. Карлос Кеирож (Иран) - 1.9
9. Хорхе Сампаоли (Аргентина) – 1.8
10. Оскар Табарез (Уругвај) -1.7
11. Хозе Пекерман (Колумбија) – 1.5
11. Ектор Купер (Египет) - 1.5
13. Хуан Пици (Саудиска Арабија) – 1.4
14. Берт ван Марвајк (Австралија) – 1.2
15. Рикардо Гарека (Перу) – 1.1
16. Хуан Осорио (Мексико) – 1.0
17. Роберто Мартинез (Белгија), Акира Нишино (Јапонија), Оге Харајде (Данска) – 925.000
20. Владимир Петковиќ (Швајцарија) – 850.000
21. Ерв Ренар (Мароко) – 780.000
22. Хеимир Халгримсон (Исланд) – 690.000
23. Златко Далиќ (Хрватска) – 550.000
24. Жерно Рор (Нигерија) – 500.000
25. Јане Андерсон (Шведска) – 450.000
25. Шин Тае-јонг (Јужна Кореја) – 450.000
27. Херман Гомез (Панама) – 400.000
28. Оскар Рамирез (Костарика) – 350.000
28. Набил Малул (Тунис) – 350.000
30. Младен Крстајиќ (Србија) – 300.000
31. Адам Навалка (Полска) - 270.000
32. Алиу Сисе (Сенегал) - 200.000