Фудбал

Нетипичен потег на Буфон

Фудбалерите на Јувентус го добија со 1:0 и реванш полуфиналниот дуел од Купот на Италија против Аталанта, но за влакно ќе останеа во финалето без Џиџи Буфон, кој се обиде да брани на начин на кој не сме навикнати да го гледаме.

Снежна апокалипса во европскиот фудбал

„Сибирскиот бран“ веќе неколку дена ја зафати Европа, па многу спортски настани беа одложени за некои други денови кога ќе има услови за игра.

Само овој не чул за „No to racism“

УЕФА се искина од правење кампањи против расизмот во фудбалот со години наназад, ама некои при очи уште се прават слепи. Бразилецот Јури кој игра за Зорја од Украина приреди атракција со ножички, а потоа имитираше мајмун. По мечот се вадел дека тоа било одговор до гостинските навивачи кои први го испровоцирале со расистички извици.

Кладбата на Гатузо со полжавот за кој добил 15.000 евра

Џенаро Гатузо е вечна инспирација за новинарите кои секогаш можат да изнудат некои нови одговори и анегдоти кои ги кажува на свој посебен начин. Интервјуто е направено пред да стане тренер на Милан и сигурно открива работи кои не сте ги знаеле за него.

Навивач со пиво од трибините станал резервен судија во Бундеслига

Во Германија фудбалот се сака толку многу што во истовреме можеш да бидеш и навивач и четврти судија како оној во Гелзенкирхен.

Што ако сум играл во Премиер лига, јас ќе чистам снег

Јунакот на неделата во англискиот фудбал е Стивен Тејлор. Тој има 13 годишен стаж со Њукасл во Премиер лигата, но е дечко без комплекси. Спаси натпревар во трета лига со лопата.

Голчиште на Несторовски од слободен удар

По лошата серија од три порази по ред и едно реми, фудбалерите на Палермо конечно стигнуваат до победа со која се трети на табела на три бода до второпласираниот Фрозиноне. Совладан е Асколи со 4:1. Ил капитено го постигна последниот и најубавиот гол на мечот, број 12 оваа сезона.

Трошаџијата Гвардиола vs шпараџијата Венгер

Англискиот печат пишува за една чудесна споредба меѓу овие двајца тренери. Да не знае човек дали повеќе да му се чуди на Шпанецот кој троши до светски рекорд или на Французинот кој шпара како да ќе биде во Арсенал уште 200 години.

Бендтнер прв облече розови копачки и сите му се смееја - а сега?

На почетокот на ХХ век во Европа маркизите и бароните се облекувале во розово и за мажите што ја бирале оваа боја се сметало дека „имаат вкус за облекување“. Каква е денес состојбата и зошто сè повеќе фудбалери носат розово ако се смета за женска боја?

Перфектниот гол на Наполи во кои учестуваа сите 11

Наполитанците оваа сезона се многу опасни и зрели за титула, а синоќа го торпедираа Каљари на гости со 5 парчиња и му избегаа на Јуве кој има натпревар помалку, на -4. На третиот гол покажаа какво екипиште се. Пред Хамшик да постигне погодок сите играчи со се голманот ја допреа топката вкупно 17 пати за време од 50 секунди.

Никој не ми може ништо, најјак сум

Скот Браун има 11 години стаж во Селтик, 14 трофеи и по наша претпоставка идол му е Џенаро Гатузо. Ако сакате газете го, гајле си нема човекот.

Компилација од обидите на Суарез да добие жолт картон

Не му ги критикуваме квалитетите, ама без сомнение Луиз Суарез е пргав и прљав играч кој се служи со неспортски потези скроз недостојни за некој кој е дел од институција како Барселона. Следно коло играат со Лас Палмас, па со Атлетико Мадрид. Во последните 4 минути од дуелот со Џирона се гледаат апла 4 ситуации во кои сака да добие жолт за да го рипне Лас Палмас и да биде раат за дербито. Каков цреп.

Ако ти паѓа косата, не се секирај, ни Руни не куртули

Клиниките за пресадување коса со задоволство објавуваа дека еден Вејн Руни имал успешна трансплантација на коса и дека дошол моментот кога мажите веќе не мора да се срамат ако се решат на таков чин. И принцот Вилијам сакал да пресадува коса.

Клубот кој му го украде логото на Јуве продаде само 2 карти

Нашата рубрика во која сместуваме Офсајд ликови, дефинитивно треба да ја прошириме со екипи. Прва која би ја сместиле во тоа неславно друштво собрано да трпи тролови е Јувентус Букурешт.

Спрдња на денот

“Славниот“ Беневенто не е “славен“ само меѓу Турците, туку и меѓу Балканците кои за нив имаат направено Фејсбук страна за терање мајтапи. Го тролаат Икарди.

Препородениот Милан кој два месеци не знае за пораз

На 27 декември Милан загуби од Аталанта, а претходно се посрамоти со Верона и Беневенто. Но никој повеќе не ги памети тие киксови, бидејќи Росонерите од тогаш се побудалени и имаат освоено повеќе бодови од екипи кои се борат за ЛШ.

Хаос во Солун, гореа улици поради Олимпијакос

Само што стигнаа до шанса после икс години да ја освојат титулата, фудбалерите на ПАОК би можеле да пропатат поради глупостите на нивните навивачи.

Гвардиола има двојни аршини за слободата - не му смета режимот во Катар

Откако англиската фудбалска федерација му забрани да носи жолта лента закачена на капутот како поддршка за каталонски политички затвореници, Гвардиола најде начин да ги заобиколи правилата.

Безобразни голови на еден меч во трета лига на Франција

Лион Душере против Ентент, француски третолигаши. Гостите прво израмнуваат 1-1 со страшни ножички на Вилијам Сиа. Лудило од гол. И доаѓа 94-та минута - а тогаш Матје Езикиан го постигнува најубавиот гол на сезоната.

Дури и четвртиот судија го зафркава Арсенал

По финалето на Лига купот во кое изгубија убедливо 0:3 од Манчестер Сити, кога Арсен се бунел за малку дополнително време, четвртиот судија го прашал: „Што ќе ти е уште продолжение“?

Тоа е тој надворешен фелш на Кварезма

Португалскиот ветеран, не е Роналдо, ама си има свои специфики по кој е познат и не џабе играше за Барса, Интер и Челси. На 34 години уште е крал на рабоната и на овој фелш со кој направи пресврт на турското дерби меѓу Бешикташ и Фенербахче кое заврши 3:1

Мурињо му прати ливче на Матиќ, Вилијан ѕиркаше

Жозе Мурињо уште од времето во Порто практикува на ливче да напише некој совет па преку нововлезен играч или за време на прекин да го даде на некој од своите фудбалери. Овојпат му го даде на Матиќ а Бразилецот Вилијан кој постигна прекрасен гол на мечот се обиде да му ѕирне во ливчето.

Ве поздрави Наташа од корнер

Наташа Андонова е првата македонска фудбалерка која успеа да го повтори ремек делото на Артим Шаќири во Саутемптон. Барселона славеше 4:1 на дуелот против Валенсија, а Андонова погоди директно од корнер. Ќе се памети ова.

Убавина од гол на Кутињо

Бразилската ѕвезда која пред месец и пол направи трансфер од Ливерпул во Барселона за преку 100 милиони евра, го постигна дебитантскиот гол во Ла Лига. Поубав и поатрактивен не можеше да посака. Индивидуална мајсторија.