Пандев ја прими на десна, потоа следуваше освртување и на прва ја офука со лева во гол. Кој би рекол дека денеска полни 35 години човекот кој веќе 15 години си гази во Италија.
Ова беше само пријателски и лесен дуел против нисколигашот Куено кој Џенова го доби со 7:0, но тоа не е важно. Важно е нашиот капитен да ги полни батериите и самодовербата и да држи голгетерска форма пред престојните Лига на Нации кои Македонија ќе ги игра за месец и пол.
Горан Пандев го продолжи договорот за уште една сезона со Џенова, што значи го очекува 15-та сезона во Серија А. Една одигра со Анкона, пет со Лацио, две со Интер, три со Наполи и ова ќе му биде четврта во Џенова со која во прво коло на 19 август му гостува на Милан.
Голот на Пандев
Роденденската честитка на Џенова која му напиша и на македонски.